October 19, 2021, 3:46 pm

Мицкоски ocтвapи cpeдбa co Дан Оријан – Амбасадop нa Израел во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес (19.07.2021) Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од Меѓународниот секретар Тимчо Муцунски оствари проштална средба со Дан Оријан – нерезидентен Амбасадор на Израел во Македонија.

Мицкоски и Оријан разговараа за потребата од дополнително подобрување на билатералните односи помеѓу двете земји преку конкретни проекти. Истовремено, Мицкоски се заблагодари за поддршката што ја дава Израел на Македонија од својата независност.

Мицкоски го информираше Оријан за внатрешно политичката состојба во Македонија, нагласувајќи дека недостатокот на соодветна борба против корупцијата е една од клучните причини поради кои Македонија не привлекува доволно странски директни инвестиции. Во таа насока Мицкоски ја истакна заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за создавање на добро деловно окружување преку систематски реформи.

Latest News

Вархеји: Мора да испорачаме за Македонија и Албанија, одлагaњето е штeтно за кредибилитетот на Европската Унија

Еврокомесарот за проширување ги презентираше извештаите за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција пред европратениците и...

More Articles Like This