Мишел Обама сподели дека имала спонтан абортус и дека двата пати забременила со инвитро

Поврзано

Што ce „готви“ на Месечината: Откриени детали за изградбата на руско-кинеската лунарна станица

Создавањето на руско-кинеската научна станица на Месечината ќе се реализира во три фази до 2035 година, објави американскиот специјализиран...

Нaјнови детали: Кинecкатa pakeтa се приближува кон Земјата, познато каде ќе се cpyши

Остатоците од најголемата кинеска ракета „Лонг марч 5Б“, која беше лансирана минатата недела, се очекува да навлезат во атмосферата...

Во седмата деценија од животот: Актерката позиpa во бикини и покажа како изгледа

Шерон Стоун на својот „Инстаграм“ сподели фотографија на која позира во бикини и доби еден куп комплименти од следбениците. Фотографирана...
- Advertisement -

Мишел Обама се отвори за личниот живот, поконкретно за тешкиот пат до мајчинството.

Поранешната прва дама на САД во интервју за ABC отворено зборуваше за кошмарот на секоја жена – спонтан абортус. Мишел пред 20 години доживеала спонтан абортус додека била во првиот триместар од бременоста.

„Се чувствував изгубена и осамена и се чувствував како да потфрлив, затоа што не знаев колку чести се спонтаните абортуси, бидејќи не зборуваме за нив. Седиме во нашата болка, мислејќи си дека на некаков начин сме скршени. Тоа е една од причините што сметам дека е важно да зборуваме со млади мајки за фактот дека спонтаните абортуси се случуваат“ – изјави таа.

Исто така, 54-годишната адвокатка и писателка призна дека кога била во средината на 30-тите години сфатила дека биолошкиот часовник е реалност. „Биолошкиот часовник е реален. Продукцијата на јајце клетки е ограничена. Го сфатив тоа кога имав 34 и 35 години. Моравме да направиме инвитро оплодување. Мислам дека најлошото нешто што си го правиме како жени е што не ја споделуваме вистината за нашите тела, за тоа како работат и како не работат“ – сподели таа.

Благодарение на инвитро, Мишел и Барак ги добија ќерките Малија и Саша.

Мишел ја подигна завесата на приватниот живот во мемоарот „Becoming“, кој ќе биде пуштен во продажба овој месец.

Latest News

(Видео) Macaкap вo Рио: Нajcмpтoнocнaтa пoлициcкa akциja вo иcтopиjaтa нa Бразил – oвa ce дeтaлитe

29-тата жртва на акцијата во фавелата Жакарезињо ја лансираше оваа рација во самиот врв на најсмртоносните полициски операции во...

More Articles Like This