МИЈАЛКОВ ДОЦНА ВЕЧЕРВА ДОБИЛ НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР

  • December 1, 2018
  • Коментари

Судијката Весна Димишкова доцна вечерва му определи 30 дневен притвор на ексдиректорот на тај ната полиција Сашо Мијалков, по барање на СЈО, дознава „Макфакс“.

Попладнево околу 15 часот Мијалков беше спроведен од зат ворот Скопје во кривичниот суд, придружуван од десетина припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Пр итворот за Мијалков му е определен поради вл ијание врз сведоци и оп асност од бегство.

Неговиот адвокатски тим има 24 часа да поднесе жалба на решението до кривичниот совет на скопска единица. За Мијалков во моментов има 4 активни обвиненија за случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“, како и истрагата за случајот „Империја“.

Мијалков е во притвор од 20 ноември на барање на специјалното јавно обвинителство за случајот со масо вното прислушување. Ова е прв случај на СЈО да се бара нов притвор за лице кое веќе се наоѓа во притвор.

Во „Империја“ триесетдневен притвор добија пет осомничени лица. Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари се бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на Пелагонија Цветан Панделески, како и директорот на фирмата Ексико Тодор Мирчевски.

Во овој случај, СЈО поради основано сомнение за сторени кривични дела зл осторничко здружување, оштетување или повластување доверители, зло употреба на службената положба и овластување, измама и пер ење пари и други приноси од ка зниво дело, гони 14 лица, а истрагата најавија дека ќе се проширува.

Претходно «
Следно »