МИ ОТИДЕ МЕНЕ ЖИВОТОТ: Рече обвинет по изрекувањето на затворските казни за обидот за убиство на Села

  • July 5, 2018

Мирно и со прегратки обвинетите за убиството во обид ја дочекаа пресудата за насилството во Собранието.

Пред изрекување на пресудата обвинетите ги храбреа своите роднини кои седеа зад нив во судница, да не се грижат за ништо, велејќи им дека сѐ ќе биде во ред. Но, откако ги слушнаа затворските казни кои се движат од 10 до 13 години и 6 месеци дел од нив коментираа дека животот им завршил.

Обвинетиот Николче Димитриевски рече: „Толку, заврши животот за мене“. Тој од судот доби казна затвор во траење од 10,6 години. Судот одлучуваше за тоа дали на обвинетите да им биде продолжена мерката притвор или пак да се бранат од слобода до правосилност на пресудата и пресуди на петмина од обвинетите да им биде продолжена мерката притовр, а на двајца куќен притвор, како и досега. Обвинетите имаат право на жалба.

Претходно «
Следно »