МЛАДИНСКАТА НЕВРАБОТЕНОСТ НАЈВИСОКА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА: Автобуси полни со млади си заминуваат од Македонија

  • June 9, 2019

Младите во Македонија во се поголем број ја напуштаат државата и заминуваат да работат и живеат во странство. Секоја недела полни автобуси со млади луѓе со карта во еден правец како од внатрешноста така и од Скопје заминуваат правец Западна Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Јон Фрчкоски кој денеска кажа дека кавлитетните младински политики на владата придонеле за намалување на стапката на невработеност.

„Од големата успешност на Заев, скоро 20.000 Македонци годишно од кои повеќето млади луѓе добиваат работна виза за работа во Германија. Иста е ситуацијата и со Швајцарија, Австрија, Шведска и други држави од Европа. Училиштата низ целата држава се се попразни. СДСМ ветуваше враќање на иселените, не само што не ги врати, туку и го забрза иселувањето“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се додава и дека младинската невработеност во Македонија е највисока во регионот и во Европа.

„СДСМ не направи ништо за младите иако имаше повеќе од две години време. СДСМ треба да си замине. Метлата треба да почне од Заев, па надолу“, велат од опозициската партија и додаваат дека клучната метла во институциите ќе биде кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од граѓаните и ќе формира нова влада.

Претходно «
Следно »