ММФ ПРЕДВИДУВА РАСТ ОД 1.6%, А ВЛАДАТА 3.2%: Сосема различни проекции за економскиот раст во Република Македонија

  • October 11, 2018

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во есенскиот извештај „Перспективите на светската економија“ предвидува дека економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,6 проценти, што е намалување во однос на претходната проценка од 2,8 отсто.

ММФ за наредната година прогнозира дека домашниот бруто-производ (БДП) на Македонија ќе порасне за 2,6 проценти, а до 2023 година ќе биде со годишен пораст од 3,4 отсто.

Владата на Република Македонија пак останува на проектираните 3.2% иако веќе три квартали капиталните инвестиции остануваат на незавидни 16%.

Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово четири отсто, Црна Гора 3,7 отсто, Бугарија 3,6, БиХ 3,2 отсто и Хрватска 2,8 проценти.

Светската економија и оваа и наредната година ќе порасне за 3,7 проценти, наместо претходно предвидените 3,9 проценти.

Претходно «
Следно »