Многу држави поразвиени од Македонија одлучија да го одложат пописот поради пандемијата, но власта е упорна да изврши политичка операција

Поврзано

Кабинетот на Пендаровски со реакција за изјавата на Мицкоски

Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто...

Додека граѓаните молат за вакцини Заев и Филипче беа фатени со рацете во медот, Клинички ќе се изгради но само со претходно предложен реален...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес ги посети жителите на градот Делчево. При посетата беше дадена и изјава во...

(Видео) Освен ckaндалозната набавка на скала, истата фирма набавува и спортска опрема за министерството на Шекеринска

Граѓаните не велат веќе ни срам ни перде, по ново велат, ни срам ни Петре. Мрзеливиот Петре Шилегов стана...
- Advertisement -

Целиот процес кој што започна со носењето на овој криминален Закон како што го насловивме ние, започна во еден период кога многу држави поразвиени од Република Македонија одлучија да го одложат пописот и да се соочат со реалноста, а тоа е пандемијата, здравствената и економска криза. Но, кај нас некако власта како и другите процеси во државата кои што во минатото гледавме на кој начин ги практикуваа и ги носеа, во однос на вакво прашање суштинско, комплексно прашање власта се одлучи на сила по скратена постапка во собраниска процедура да го протурнат“, рече Иван Јорданов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Што не е јасно“.

Јорданов додаде дека додека Македонија се соочува со здравствена и економска криза, власта се дрзнува по скратена постапка да го протурка Законот за попис, со цел да во април да има политичка операција, наместо статистичка.

-Во време кога илјадници наши сограѓани ги губат своите работни места, во време кога илјадници наши сограѓани ги загубија своите животи, илјадници семејства се зацрнија, власта тогаш се дрзнува да се одлучи на еден ваков процес кој што верувајте нема да донесе ништо добро во државата, истакна Јорданов.

Јорданов посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата елаборираше зошто пописот не треба сега да се спроведе.

„За сите законски решенија, па и за пописот ставија европско знаменце и ја скратија постапката во два дена. Што само по себе дава одреден сомнеж. И тука ние во оваа фаза дадовме свои забелешки во форма на амандмани преку кои што сакавме да помогнеме“, појасни Јорданов.

Јорданов рече дека власта не ги усвои забелешките на опозицијата. Законот се донесе без да се има методологија како ќе се одвива самата операција.

Latest News

Уkpaдени pecпиратори во Шведска, преку Косово завршиле во Хрватска

Полициската станица на Медвеќак во Хрватска започна кривична истрага против млад човек (25) кој е осомничен дека набавил 24...

More Articles Like This