МНР на Бугарија реагирало на сигнали за дискриминација на бугари во Македонија?

Поврзано

Три последователни зeмјотреси регистрирани во Грција

Тлото во Грција не престанува да се тресе. Во 20:00 часот по локално време регистриран земјотрес од 4,1 степен...

Црна Гора зaбрaни купување подароци за наставничките по повод Осми март

Министерството за образование, наука, култура и спорт им наложи на директорите на основните училишта да спречат организирање на набавка...

Ужac во Србија: Група налик „Јавна соба“ со 36 000 членови, се споделуваат ekcплицитни содржини, но и адреси и телефонски броеви

Српските медиумите јавуваат за постоење на балканска мрежа налик на Јавна соба во која партиципираат околу 36.000 мажи од...
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи секогаш одговарало на сигналите за дискриминација на како што се вели, бугарските сонародници во Република Македонија на сите дипломатски нивоа и честопати ги објавувал овие постапки јавно.

Министерство за надворешни работи на Бугарија излезе со став по повикот на претседателот Румен Радев до институциите во Бугарија и Република Македонија да одговорат на важните проблеми со кои се соочуваат „нашите“ сонародници во нашиот југозападен сосед се вели во соопштението на бугарското МНР.

„По повод повикот на претседателот Румен Радев за „навремен одговор од одговорните институции во Бугарија и Република Македонија на сигналите за дискриминација кон „нашите“ сонародници“, Министерството за надворешни работи сака да потсети дека секогаш одговарало на ваквите сигнали на сите дипломатски нивоа јавно ги објави овие активности“, потенцираат од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

„Задоволни сме што шефот на државата го дели нашиот став дека Република Македонија мора да го почитува правото на самоопределување на сите нејзини граѓани, вклучувајќи ги и оние со бугарска самосвест“, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи на Бугарија.

Министерството за надворешни работи на Македонија се уште не излегло со соопштение во јавноста, какви се тие проблеми со кои се соочуваат сонародниците на нашиот источен сосед.

Latest News

Три последователни зeмјотреси регистрирани во Грција

Тлото во Грција не престанува да се тресе. Во 20:00 часот по локално време регистриран земјотрес од 4,1 степен...

More Articles Like This