МНТ започнува со работа по ceдум месечна пауза

Поврзано

Дpaма нa Aлeкcандap Cтaнковcки: Kapaнтин – Втор дeл

Чуранче (со пеење): Боооорба за слободаааа, за Макеееедонијааааа, земја поробљеееенаааа... А, бе, какву борбу ќе водиш с’с овој стоку...

Hoвa книгa нa Coтиp Костов: „Мyзички икoни“

Минатата недела од печат излезе новата книга на Сотир Костов, „Музички икони“. Тоа е книга за музиката на нашата...

(Видео) Пендаровски за Конески: Тивок во зборот, но моќен во мислата, во овие бyчни времиња, тишината во неговата поезија говори на благороден начин

Претседателот Стево Пендаровски, како покровител на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, преку видео порака се обрати...
- Advertisement -

По пауза од седум месеци поради коронакризата се отвораат вратите на Македонскиот народен театар (МНТ).

Првата претстава што е закажана е „Говорна мана“, на 14 октомври, на Големата сцена од 20 часот. Автор на текстот е Горан Марковиќ, режисер е Драгана Милошевски – Попова, а улогите ги толкуваат: Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска/Драгана Левенска.

Според репертоарот на МНТ на 16 октомври (петок) повторно е „Говорна мана“, а на 19 октомври е закажан Меѓународниот театарски фестивал Бутринти, проекција на документарниот филм „Идината започнува денес“ (19 часот).

До крајот на месецот има уште четири изведби, две на претставата „Кец на десетка“ (20 и 22 октомври, од 20 часот, Голема сцена) и „Брачна игра“, на 27 и 29 октомври исто така во 20 часот.

Сите овие претстави претходно се играа на Малата сцена на МНТ.

МНТ на својата интернет страница го објави протоколот за работа според препораките на Владата, Министерството за култура и Центарот за јавно здравје Скопје.

Поради протоколите и придржување кон сите мерки и поради сериозната ситуација со Ковид 19, во Националниот театар не се прифакаат приватните настани.

Што пишува во протоколите?

• Според општите правила за реализација на настани треба да се искористат само 30% од капацитетот на салата
• Да се оддржува претстава без пауза
• Се забранува задржување при влез и излез во фоајето
• Зголемување на времетраењето на влез и излез на публиката
• Се забранува оддржување на коктели во фоајето на театарот
• Претставите треба да траат час до час и половина
• Претставите да бидат со мал број на актери и да се оддржува дистанца на сцена
• Вентилацијата во објектот е со централен систем за вентилација и поставени се нови филтри,кои ке се менуваат на секои 6 месеци

Протокол за публика
• Задолжително носење маска на влез и во објектот
• Поставување на дезинфекциона бариера за обувки
• Поставени и означени места за влез пред билетарата
• На самиот влез е поставено дезинфекционо средство
• Има јасно и видно истакнато известување за придржување на мерките
• Мерење температура на секој посетител
• Доколку се покаже температура над 37 с не се пушта да влезе
• Влезот е еден по еден во фоајето со максимално придржување на дистанца од 1.5 до 2 метра
• На влезните врати за публика во сала има по 1 распоредител и се пушта по 1 посетител (се отвара само една врата за влез во салата )
• Гардеробата е затворена (секој посетител ке мора да си ја земе со себе и да ја стави на местото слободно до него )
• Излезот од сала е на принцип 1 по 1 со максимално придржување на дистанца од 1.5 до 2 метра

Latest News

(Видео) Пандов: Секој еден од нас треба да се разбуди и во недела пред Владата со срце и љубов да побара правда и слобода...

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ  Александар Пандов во денешното издание на "Неделен брифинг" на Инфомакс порача дека секој...

More Articles Like This