Можете да се тестирате дома: Брзи ковид тестови низ аптеките во Македонија

Поврзано

- Advertisement -

Брзи ковид тестови по цена од 500 денари може да се купат и по аптеките во Македонија, пренесува ТВ21.

Од таму велат дека за брзите тестови важно е да се земе правилно брис од нос, а резултатите се добиваат за неколку минути.

Брзиот ковид тест се состои од неколку елементи, ова е брис, реагенс и тест касета. Постапката која што треба да ја направите откако ќе го купите овој брз тест е да го отворите брисот, и што е можно подлабоко да го ставите во носната шуплина. Потоа го отворате реагенсот и брисот го ставате неколку секунди внатре. Откако ќе ќе ја отворите тест касетата ја ставате на рамна и сува површина и ставате неколку капки од реагенсот во отворот. По оваа постапка го оставате 20-30 минути тестот кој ќе покаже дали сте позитивни или негативни на коронавирусот, пренесува ТВ21.

Од Агенцијата за лекови велат дека тестовите првично беа користени само за овластените лаборатории и Министерството за здравство.

Latest News

ФФМ co пopaкa дo фyдбaлepитe: Ниeдeн пopaз нe ce бpoи, виe cтe нaши хepoи

Македонија вчера дебитираше на Европското фудбалско првенство против селекцијата на Австрија. Натпреварот нашата репрезентација го загуби со 3:1, но позитивно...

More Articles Like This