МОЛИТВА КОН БОГА ЗА СЕКОЈ ЧАС ОД ДЕНОТ

  • February 16, 2019

Господи, не ме лишувај од Твоите небесни блага.

Господи, избави ме од вечните маKи.

Господи, ако со ум или со помисла, со зборови или дела согрешив, прости ми.

Господи, избави ме од секакво незнаење и заборав, малодушие и вкаменето бесчуство.

Господи, избави ме од секакво искушение.
Господи, просветли го моето срце, кое лошите желби го помрачија.

Господи, јас како човек согрешив, а Ти како милосрден Бог, помилувај ме, гледајќи ја немоќта на мојата душа.
Господи, прати ми ја на помош Твојата благодат, за да го прославам Твоето свето име.

Господи, Исусе Христе, запиши ме мене, Твојот раб, во книгата на животот и дај ми добар крај.
Господи, макар и ништо добро да не направив пред Тебе, но по Твојата милост дај ми да поставам добар почеток.
Господи, пороси ми го срцето со росата на Твојата благодат.

Господи, на небото и на земјата, спомни ме во Твоето царство, мене грешниот, безсрамниот и нечист Твој раб. Амин!

Господи, прими ме во покајание.
Господи, не изоставај ме.
Господи, не дозволувај да паднам во беда.

Господи, дај ми добра помисла.
Господи, дај ми солзи и умиление и да ја памтам смртта.
Господи, дај ми да мислам на исповеданието на моите гревови.

Господи, дај ми смирение, целомудрие и послушание.
Господи, дај ми трпение, великодушие и кротост.
Господи, насади го во мене коренот на доброто: стравот Божји, во моето срце.

Господи, удостој ме да те сакам од сета душа и помисла и во сѐ да ја вршам Твојата волја.
Господи, закрили ме од лоши луѓе и од бесови и од страсти и од секакви други непристојни нешта.

Господи, Ти знаеш, дека сѐ вршиш според Твојата блага волја: нека биде Твојата волја и во мене грешниот зашто си благословен во веки. Амин!

Претходно «
Следно »