МОМЧЕТО ШТО САКАШЕ ДА СТАНЕ ЦАР: Еволуцијата на момчето што сакаше да стане арамија!

  • June 11, 2017
  • Коментари

Насловот на оригиналната епизода од серијалот Македонски Народни Приказни во прокуција на МРТ оригинално гласеше ,,Момчето што сакаше да стане арамија” но насловот во нашиот случај е неприкладен бидејќи нашето момче е веќе арамија…Желбата му беше да стане ЦАР.


И повторно во продукција на МРТ добивме уште една народна приказна за желбите на еден човек, но овој пат тие желби имаат сериозни импликации врз животите на Македонските граѓани.
Неговата желба се исполни и тој стана првиот премиер аболициран за криминал тежок 8 милиони евра или народски кажано 16 мечки од пола милион евра гребени од мачки, а наменети за странски страчки. Тој како што е редот почна од сам себе и на официјално првиот работен ден на Владата на Република Македонија си го реши сопствениот проблем и го разреши Марко Зврлевски Јавниот Обвинител кој требаше да го гони за сторениот арамлук.


Како што гласи онаа старата брат за брат Телевизија за Пари не заборави и на Вицето. Неговиот брат неофицијално неможе да се помири со катастрофалниот рејтинг на неговата телевизија па редовно е на телефонот со новиот Премиер и кројат планови како да креираат нова рејтинг агенција која ќе го мери рејтингот на телевизиите ама по желба на Вицето. За од рекламите парите да одат едно евро за црквата едно за 24 вести.

Тој продолжи со огромната понизност и самокритичност и повторно изјави дека неможе да се криви сите околу нас а само ние да сме прави. И како голем државник и обединувач на народи на балканот изјави дека имаме многу заедничка историја со нашите соседи. Но понатаму ни соопшти дека немаме право да ја користиме. Знаеш случајно некој да не наљутиме бидејки комшиките ни се во ПМС.


Ни го наговести големиот Референдум каде Македонското име ќе го замениме за европските вредности и културолошкото збогатување од арапскиот полуостров и воедно ќе станеме триесетиот милосрден ангел на ОТАН бидејќи ,,30 е поубава бројка од 29”. Како што рече еднаш големиот дипломат Димитров.
И како што се вели грев ќе ме фати ако не пофалам каде што треба да се фали конечно призна дека некои земји премногу се мешале во внатрешните работи на Македонија. Со лесно нека му е утре кога ќе оди на баци рака во амбасада.


Среќа Царот ни е непоправлив оптимист па има надеж како што рече дека оваа ,,ДУПКА НАРЕЧЕНА МАКЕДОНИЈА” ќе ја опорави. Надеж имаше и Бранко ама не се реши да ја отвори пандорината кутија во Македонија па честа за тоа му остана на црпнатиот и на крај како што оди приказната му остана само Надеж.

Во неговото ,,Обраќање до нацијата” слушавме само желби за високи минималци и за уште поголеми криминалци небаре живееме во некој филм режиран од Квентин Тарантино. Слушнавме како Марк Цукенберг дознал дека во Македонија ќе има раст па ќе инвестирал. Ама не дослушнал дека ќе има раст на даноците за да може да се плати Комунистичката пропаганда на државниот сервис. Гугл ќе инвестира истотака за да преку данокот кој што ќе го плаќа во Македонија ни овозможи евтина струја која ја изгубивме за Рада да носи Прада.


И конечно ја дознавме вистината … Вистината дека буџетот е празен. Убаво ни викаше уште на времето Бранко: ,,Буџетот е празен, Македонија нема пари, Македонија е во транзиција” . Не го слушавте тогаш ги слушавте Ќосињата сега ќе си трпите. Но најважното пари за рециклирање на оградата на Владата ќе има. Тоа е многу важен момент бидејки во буџетот има уште 6 милиони евра, 700 илјади евра ќе бидат искористени за транспарентни клупи или беше за транспарентност на влада и заљубени гулапчиња да не седат на бетон стварно неможам да се сетам.


Странските експерти кои од секогаш ни помагале во спроведување…се извинувам во справување со терористи повторно ќе бидат повикани да одлучаат дали Борците за Човекови Права од случаите Монструм, Сопот и Диво Насеље се навистина виновни. Тој понатаму пројави сомнеж дека некои од министрите на ДУИ се вмешани во тие случаи но сепак Влада си е Влада, Цар си е Цар.


Царот му вети сешто на народот од повисоки плати, живот во Македонија, до правна држава во која секој кој ќе биде на состанок со Амбасадор нема да има потреба да се појави на суд итн. Но народот нај повеќе му фати уво тоа што ќе му порасне кесето бидејќи и така незнае ниеден Амбасадор. Народот заборави дека нема ништо бесплатно па така минималната плата ќе биде субвенционирана од повисокиот данок кој ќе го плаќаат тие самите.

За крај како што рече големиот писател на научна фантастика проф. Тевдовски ,,Нешто е труло во земјата Данска” а се што се смени е Царот.

Пишува
Мр.Фин
Инфомакс

Претходно «
Следно »