Моника Белучи има нова љубов: 54-годишната актерка си разменуваше бакнежи со 36-годишен артист

  • December 18, 2018

Моника Белучи има нов љубовен партнер. Славната Италијанка беше фотографирана од папараците додека си разменуваше бакнежи со Николас Лефевре.

Фотографиите од 54-годишната актерка и 36-годишниот артист ги објави списанието Voici.




Не се знае колку долго Белучи е во врска со Николас, кој има работено како модел, а сега е сопственик на галерија во Париз. Неодамна Моника сподели дека не е сингл, но не откри многу информации. „Извесно време сум во врска со една личност. Тој не работи во мојата сфера, но патува многу“ – рече таа.

Николас има ќерка од претходна врска.




Белучи 14 години беше во брак со Винсент Касел со кого има две ќерки – Леони и Дева.

Извор:femina.mk

Претходно «
Следно »