Мораеш со емотивно видео се прости од вардарци: Благодарам многу… (ВИДЕО)

  • June 5, 2019
  • Коментари

Само еден ракометар на новиот европски шампион Вардар не присуствуваше на вчерашната прослава на градскиот плоштад во Скопје.

Бразилскиот ас Рожерио Фереира Мораеш поради приватни причини остана во Келн, но не ги заборави вардарци и се реши преку емотивно видео од најдобрите свои моменти во „црвено-црниот“ дрес да се прости од македонските фанови.

Поранешниот член на Кил беше еден од најзаслужните за големиот успех на Вардар. Беше избран за најдобар кружен напаѓач на турнирот во Келн, благодарение на шесте гола во финалето и тоа против својот иден тим Веспрем.

Претходно «
Следно »