МОРНИЧАВА СЦЕНА КАЈ „СИТИ МОЛ“: Здробено возило, во него загинаа момче и девојка

Поврзано

Ахмети до СДСМ: Добро е за нивното здравје да не брзаат и да создаваат проблеми со нас бидејќи не можат да се справат

Ахмети одговри на прозивките на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека за ДУИ е најдборо да оди во опозиција...

Николоски: Во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ не очекуваат три странски инвестиции

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, во вечерашното интервју за Македонската телевизија,...

Николоски: Радување на Заев, Димитров и Шекеринска на изјавата на Ципрас е дно и национално предавство

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, во вечерашното интервју за Македонската телевизија,...

Во судирот животот го загубиле 23-годишниот Петар М. и 18-годишната Кристина А. Причина за сообраќајката била неприлагодена брзина и непочитување на сообраќајните знаци, како и неприлагодување кон условите на патот.

рсбпс_искршена_кола_кампања_младост_без_лудост___5_

Здробени стакла, вратите сплескани, црниот лим разнесен, воздушните перничиња пробиени, а внатре гробна тишина. Така изгледа возилото марка „ауди“ кое е поставено кај трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје и сведочи за тешка сообраќајка, која се случи минатата година, а во која животот го загубија двајца тинејџери, момче и девојка.

Минувачите денеска со чудење го гледаа возилото и буквално се фаќаа за глава од тоа што пред нивни очи е поставен автомобил во кој згаснале животите на две млади лица.

рсбпс_искршена_кола_кампања_младост_без_лудост___4_.jpg

Сепак, возилото не е случајно поставено. Тоа е дел од кампањата на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, насловена „Младост без лудост“, а креирана со цел да ја покрене свеста кај младите за одговорно однесување зад воланот.

Возилото учествувало во сообраќајка пред речиси една година, во близина на Кавадарци. Во судирот животот го загубиле 23-годишниот Петар М. и 18-годишната Кристина А. Причина за сообраќајката била неприлагодена брзина и непочитување на сообраќајните знаци, како и неприлагодување кон условите на патот.

Возилото во изминатите денови беше поставено на повеќе јавни локации, како и во училишта, каде фрекфенцијата на млади луѓе е поголема. Тие се всушност и целната група на оваа кампања, зашто младите возачи се сметаат за едни од најризичните во сообраќајот, поради нивната желба за истакнување откако ќе добијат можност да управуваат со автомобил.

Слоганот на кампањата во целост гласи: „Младост без лудост – Младост е да си нескротлив, а лудост е да си не невнимателен“. Кампањата ќе се реализира теренски, со цел да се стигне полесно до оваа популација. Во нејзиниот фокус се младите луѓе на возраст од 18-40 години.

Сообраќајната статистика покажала дека во 2016 година вкупно 165 лица ги загубиле своите животи на патиштата во Македонија, од кои околу 60 отсто се токму во оваа возрасна категорија. Вкупно 6.000 млади луѓе на возраст до 40 години се тешко повредени во сообраќајни незгоди минатата година.

Неофицијалните статистички податоци за 2017 година покажуваат дека за првите три месеци вкупно 12 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди од кои неколку се млади лица.

Анализите поврзани со сообраќајот кажуваат дека недоволното искуство, недоволно практично и теоретско познавање на правилата и прописите во сообраќајот, управување на моторно возило без возачка дозвола, склоноста кон превземање на ризик, склоноста кон брзо и агресивно однесување во сообраќајот, склоност кон управување на моторно возило под дејство на алкохол, склоност кон употреба на мобилни телефони и други помошни средства се причина за сообраќајните незгоди.

 

Превземено од телеграф. мк

 

Актуелно

(Видео) Нов блам на Заев, го нaпаѓа Макрон пред пранкери кои се претставија како Грета Тунберг и нејзиниот татко

Зоран Заев стана мета на нов меѓународен блам овој пат на пранкери кои се преставија како активистката против климатските...

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Гевгелија

Xристијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, оствари средба со жителите на Гевгелија. Следете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2791515140954941

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Богданци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со жителите на Богданци. проследете те го неговото обраќање во живо. https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/388385615456126

(Видео) Следете во живо: Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Богданци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес ја посети општина Богданци. Тој на средбата со граѓаните од оваа општина и им ја претстави програмата со која...

Зaконoт за потекло на имотот ќе биде донесен, тој што не може да го докаже потеклото на истиот ќе се кoнфиcкувa и кpивичнo ќе...

Тоа што ние го ветуваме и на што се обврзуваме е дека ќе донесеме закон со кој ќе се провери имотната состојба на сите...

Повеќе вести