МОСКВА: Русија не ја менува одлуката за признавањето на Република Македонија

  • March 15, 2019

Се потврди информацијата на Инфомакс дека Руската Федерација не ја менува одлуката за признавање на Република Македонија. Руската Федерација засега не ја менува одлуката за признавањето на Република Македонија од 1992 година, велат од руската амбасада во Македонија за МКД.мк. По Договорот од Преспа Македонија испрати писма до сите членки на ОН за новото име – Република Северна Македонија. Ова ново име и неодговарањето на Моска на ова известување од Скопје сега предизвикува забавување на извозот кон Русија.

Од Министерството за земјоделство информираат дека поради оваа неусогласеност со имињата на земјата, голем број на камиони, кои се натоварени со македонски земјоделски производи чекаат натоварени. Во документацијата за извоз стои новото име, а тоа не е во согласност со документите кои ги издаваат руските институции. Сертификатите се со старото име.

Засега нема некаква официјална информација за начинот за надминување на овие неусогласености.

Овој проблем почна да се појавува во последните 3-4 дена.

Претходно «
Следно »