МОСКВА: Сергеј Лавров прими турска делегација на чело со Чавушоглу

  • December 29, 2018

Министерот за надворешни на работи на Русија, Сергеј Лавров, како дел од руската делегација што денеска во Москва ја пречека делегацијата од Турција, претставена од шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана Хулуси Акар, шефот на разузнавачката служба (МИТ), Хакан Фидан и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, зборуваше за постигнатите договори, јавува Anadolu Agency (AA).

По средбата Лавров за средбата со делегацијата од Турција изјави „Постигнавме договор за координација на нашите единици, со цел отстранување на терористичка закана во Сирија.“

Лавров истакна дека на средбата станало збор и за судбината на раселените бегалци, додавајќи „Постигнавме договор дека е потребно интензивирање на заедничката работа со цел да се обезбедат потребни услови за враќање на бегалците во сопствените држави.“

Претходно «
Следно »