“МОЈ ВОЗДУХ”: Загадувачите може да ги пријавувате на Архива на загадувачи

  • November 25, 2018

Апликацијата “Мој воздух” изработи Архива на загадувачи каде што граѓаните ќе може да ги пријават сите кои го загадуваат воздухот. Доколку сакате да внесете загадувач во архивата, треба да ги пополните 3-те чекори во формата. Вашата пријава прво ќе биде одобрена од МојВоздух пред да се појави на мапата. Архивата се однесува за загадувачите низ цела Македонија. На мапата со црвени точки се претставени сите загадувачи кои што се пријавени од граѓани преку оваа страна, со слика, датум и опис.

Од архивата може да се види дека граѓаните освен што пријавиле приватни лица што спалуваат ѓубре, ја пријавиле како загадувач и цементарница УСЈЕ.

Претходно «
Следно »