Мразот на Гренланд се топи и разоткри таен проект на американската армија

  • September 29, 2016

Топењето на мразот околу Северниот пол, предизвикано од глобалното затоплување, на виделина изнесе таен проект на американската армија од времето на Студената војна.

Градот бил изграден во рамки на тајниот проект „Леден црв“ и во време на неговото функционирање, таму престојувале околу 200 американски војници и научници.

Главна цел на градот била создавање постројки за нуклеарни проектили, кои би можеле да гаѓаат цели на територијата на поранешниот Советски Сојуз. Се проценува дека во тајниот град имало околу 600 проектили со среден дострел.

Данска. чиј посед бил Гренланд во тоа време, воопшто не знаела за постоењето на овој таен град, а САД официјално тврделе пред Копенхаген дека станува збор за „обичен воен камп“.

Како што објави лондонски „Гардијан“, во тајниот град биле вршени тестирања со биолошки, хемиски и нуклеарни материјали. а во самиот мраз били изработени посебни комори во кои било складирано оружјето.

– Мислеле дека никогаш нема да бидат откриени, бидејќи тогаш никој не ни помислувал на глобалното затоплување. Но. во меѓу време климата се промени и сега се поставува прашање дали она што било закопано во овој таен град и ќе остане таму, изјави за „Гардијан“ научникот и експерт за климатски промени Вилијам Колган,

Проектот „Леден црв“ бил прекинат во 1967 година, кога инженерите сфатиле дека константонто копање низ мразот и нестабилното време би можеле да ги уништат тајните тунели. По откажувањето на проектот, американските сили се повлекле од тајниот град заедно со целокупната вредна опрема и оружје, но зад себе оставиле хемиски и нуклеарен отпад.

Според „Гардијан“, американската армија претпоставувала дека овој отпад ќе остане вечно под мразот и дека никој никогаш нема да дознае за тајниот проект.

Но, за жал тоа не се се случи. Оваа година на Гренланд е регистрирана рекордно висока температура и мразот се топи со двојно побрзо темпо отколку во 20-от век. Затоа научниците сега се загрижени што ќе се случи кога на површината ќе излезе сетоа она што било скриено под мразот пред 50 години, оценува весникот.

Претходно «
Следно »