МРАЧНОТО ВРЕМЕ НА ТРАНЗИЦИЈАТА СЕ ВРАЌА: СДС повторно со план да се дезинтегрира економијата и да се поплават улиците со невработени!

  • June 12, 2017

Во периодот додека владата во Р.Македонија ја водеше ВМРО-ДПМНЕ, успеа да ја намали невработеноста од 38 до 22.9 проценти. Македонија во 2016 година беше лидер во регионот според бројот на ново отворени работни места, а сето тоа беше резултат на напорите на претходната влада за привлеквуање на странски директни инвестиции.

Секако, заслужни за овој позитивен тренд во растот на економијата и намалувањето на невработеноста можеби најголема заслуга имаа т.н. министри за странски инвестиции, односно министрите без ресор во владата на ВМРО-ДПМНЕ Горан Мицевски, Веле Самак, Џери Наумов, Бил Павлевски. Сите со беспрекорни биографии, во кои највисока позиција завземаа податоците за нивните работни места во најголемите светски компании, како и образование стекнато на најпрестижните факултети во светот.

Зоран Шапуриќ, министерот без ресор во новата влада на СДСМ најави укинување на позитивните мерки за привлекување на странски инвестиции. Изминатава недела Министерот за Економија Тевдовски неколку пати напомена дека ќе растат даноците во Македонија. Овие анти-реформски мерки ќе ја направат Македонија неконкурентна како дестинација на држави кои сакаат да привлечат странски инвестиции.

На Балканот, Косово и Црна Гора се со најниски даночни стапки. Косово со 10 проценти и Црна Гора со 9. Во 2015 година странските директни инвестиции во Црна Гора изнесувале 573 милиони евра, а во 2016 312 милиони евра. Во регионот земјите како Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора директно ги субвенционираат работните места со различни суми во зависност од работното место.
Немањето идеа и талкањето на но новата ,,Реформска Влада’’ како што тргнало скапо ќе ги чини граѓаните до таму што постои и можност компаниите кои веќе имаат инвестирано во земјата да заминат во некоја земја од соседството поради подобрите услови за бизнис кои ќе ги имаат во нив.

Претходно «
Следно »