МРТОВ МАЖ ПРОНАЈДЕН ВО ПРИЛЕП: Триесет годишен маж пронајден мртов во својата куќа

  • November 18, 2017
  • Коментари

Триесет годишниот Р.Ѓ. вчера попладне бил пронајден мртов во куќа на улицата „Благоја Николовски“ од страна на Н.А. (27).

-Имено, починатиот претходниот ден околу 18 часот дошол во домот кај неа и нејзиниот сопруг со изговор дека се скарал со неговите родители и побарал да остане, по што се качил на катот од куќата. Откако истиот бил пронајден без знаци на живот, била повикана Итна медицинска помош и од страна на лекар била констатирана смрт, информираат од полицијата.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Претходно «
Следно »