МУВИТЕ ИЗБЕГАА ОД СМОГОТ, ПА НЕМА КОЈ ДА ГИ ПОЛАЗИ: Граѓаните се задушуваат во загаден воздух, Владата мува не ја лази!

Поврзано

МВР пронајде пасоши и лични карти, рacчиcтeно кpивичнo дeлo ,,Пoткyп при избори и гласање“

Од страна на Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип во текот на вчерашниот ден беа...

Ресен е општина со најмногу зaбoлeни од Koвид-19 по глaвa на жител

Ресен изминатиов месец стана град со најмногу Koвид-19 случаи по глава на жител во Македонија. Речиси три месеци немаше ни...

(Фото+Видео) Целото писмо од Боки 13 испратено од зaтвop – Дpжeн сум по секоја цена во пpитвop, додека вистинските кpиминaлци шepифyвaат и кoмaндувaат

Обид за убиство, шпионажа, противзаконско присвоени предмети при претрес се дел од кривичните дела во пријавите кои ги поднесе...

Град Скопје има итна потреба од нова градска власт која што системски ќе го реши проблемот со загадувањето, ќе изготви и изработи модерни ефикасни и еколошки решенија во јавниот превоз, ќе го зголеми процентот на зелени површини во градот и ќе овозможи алтернативни извори на енергија, ова градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов го ветуваше пред изборите, пред да стане градоначалник.

Сепак, наместо ветениот чист воздух, сега за градоначалникот Шилегов и за Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, како и Јани Макрадули, кој е заменик министер во министерстовото за животна средина, кривец за загадениот воздух се граѓаните.

Загревањето на домовите е најголем загадувач на воздухот. Ова е заклучокот од извештајот на интер-ресорската работна група составена од 17 државни институции и граѓански и еколошки организации, која работеше на анализа на овој проблем кај нас, кажаа од Владата.

-Лоцирани се изворите на загадување. Според овој извештај загревањето на домовите, односно греењето е најголем загадувач на воздухот, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Како што велат коментари во јавноста во јавноста сега ситуацијата е сосем различна, откако граѓаните беа прелажани за чистиот воздух, сега без никакви конкретни мерки како би се справил градот со загадувањето, градоначалникот реши директно да удира по џебот на граѓаните, најавувајќи дека ќе биде поскапен паркингот.

Според експертската јавност оваа мерка нема многу да помогне за овој проблем во градот Скопје, туку нејзината цел е само полнење на градската каса.

-Една од мерките што ја замисливме е скалесто покачување на паркирањето во центарот за оваа зима и намалување на јавниот билет, додека не дојдеме до состојба на бесплатен јавен превоз, изјави Шилегов.

Воздухот низ цела Македонија и вечерва е критично загаден. Според податоците од мерните станици кои можат да се видат преку апликацијата Мој Воздух, концентрацијата на штетните ПМ честички се далеку над дозволените граници во скоро сите градови каде што има голем број на жители.

Вечерва најзагаден воздух во Македонија дишат битолчани, на едната мерна станица во овој град покажува 381 микро грама ПМ 10 честички на метар кубен, на втората мерна единица покажува пак 275, алармантна е ситуацијата во Тетово и во Скопје, во Тетово загаденоста е 220, додека во Скопје една од мерните единици покажува 202 микро грама ПМ 10 честички на метар кубен.

Иако како едно од главните ветувања на кандидатите за градоначалници на СДСМ во пред изборите беше чистиот воздух, без никакви мерки како до тоа би дошло. Ова беше потврдено во периодот кога загадувањето е најголемо, а градските власти кажаа дека се без прецизни планови за справување со проблемот. Тие во писмено соопштение наведоа дека сите активности се во фаза на предвидување и планирање.

-Планот предвидува краткорочни и среднорочни мерки во однос на загадувањето. Планираме уште зимава да воведеме забрани за градежни активности во најзагадените делови на градот. Предвидуваме и нови политики во јавниот превоз и промоцијата на велосипедизмот, пишаа од градот Скопје.

Граѓаните прашуваат дали ова е чистиот воздух, кој кандидатите на СДСМ го ветуваа во предизборната кампања, во недостаток на идеи и проекти за граѓаните.

Еве што зборуваше сегашниот градоначалник на Скопје, пред ја преземе функцијата која ја има сега.

 

Чистиот воздух беше и главно ветување на премиерот Зоран Заев, а тој откако поминаа изборите Владата предводена токму од него реши да го укине Денот на дрвото, една од мерките кои придонесуваа кон решавањето на проблемот со загадениот воздух.

Додека граѓаните чекаат мерки од оние надлежните, локалните самоуправи за решавање на проблемот со загадениот воздух, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со порака до граѓаните дека треба да се откажуваат од своите потреби. За проблемот со загадувањето Шилегов порача дека сите мора да се откажат од дел од удобноста за да инвестираат во подобра иднина.

-Кога велат сите, мислам и на централната, градската и општинската власт и на бизнисмените и на организациите на граѓаните мора да се откажеме од малку да добиеме повеќе, вели Петре Шилегов.

Граѓаните гласно прашуваат како е можно додека СДСМ беше во опозиција за загадувањето криви да бидат „режимот“, Груевски, Коце Трајановски, Пешевски, сите министри од Владата, а сега за Шилегов кога СДСМ ја целосната власт, граѓаните да се оние што се криви за овој проблем.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа власта да се зафати со работа, да го исполни ветувањето кое го даде пред граѓаните за чист воздух.

Од таму обвинуваат дека последиците од загадениот воздух сè повеќе се чувствуваат. Штетните ПМ честички ги напаѓаат дишните патишта и влијаат на порастот на пациенти кои имаат респираторни заболувања. Секојдневно болниците во Република Македонија се полнат, а власта предводена од СДС мува не ја лази.

-Сè што ветија градоначалниците на СДС во текот на изборната кампања е лага. Наместо да се справат со загадувањето, градоначалниците на СДС тргнаа со контрамерки. Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење дрва низ градот. Ниту СДС ниту неговите градоначалници имаат конкретен план за прочистување на загадениот воздух поради кој секој ден се губат човечки животи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Актуелно

(Фото+Видео) Целото писмо од Боки 13 испратено од зaтвop – Дpжeн сум по секоја цена во пpитвop, додека вистинските кpиминaлци шepифyвaат и кoмaндувaат

Обид за убиство, шпионажа, противзаконско присвоени предмети при претрес се дел од кривичните дела во пријавите кои ги поднесе...

Фокусот на идната влада ќе биде во економијата

„Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата", нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во дебатната емисија на телевизија 24. Мицкоски...

Мицкоски најави: Ќе имаме тело за проверка на реализација на проектите од програмата

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше во дебатна емисија на телевизија 24 каде што посочи дека по доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт...

Мицкоски: Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме

„Апсолутно во програмата зборуваме и за нови вработувања. Јас не зборувам за економија која што ќе се темели на популистички интервенционизам, нешто се случуваше...

Домашни и странски експерти помагаа во изработка на нашата програма обнова

„Многу внимателно ја составивме програмата, со многу луѓе кои што се од земјава и од странство, пред се тука мислам на проф....

Повеќе вести