МУРТИНСКИОТ ИТРЕЦ И НЕГОВОТО ПPABO: Како Зоран Заев ќе се aмнecтиpa себеси од „бoмбитe“ на кои е снимен како зема милиони

  • February 9, 2020
  • Коментари

По две аболиции (едната од Бранко Црвенковски за случајот „Глобал“ и втората од Ѓорѓе Иванов во 2016. година), неколку амнестии, меѓу која најеклатантна е онаа за 200.000 евра поткуп но и случајот „Пуч“ во кој беше обвинет за шпионажа и незаконско следење на комуникации, Зоран Заев со помош на „независната“ пратеничка група си обезбеди уште една амнестија, овој пат, од целосна политичка елиминација


Откако му заврши шопингот по гласови на „Сточниот пазар“ наречен парламент, „независната“ пратеничка група која наводно сакала да обезбеди „конензус по однос на понуденото законско решение за законот за Јавно обвинителство“, објави девет точки кои наводно биле клучен услов без кој тие не би го поддржале ЗЈО.

Секако, осум од овие точки се тотално небитни за суштината на направениот „пазар“, во кој Зоран Заев си обезбедува уште една амнестија – овој пат политичка – а осумината за себе, најверојатно си обезбедиле по уште некој тендер и соодветни патни трошоци на сметка на Собранието на Р.Македонија.

И оваа амнестија која итриот селанец од Муртино си ја обезбеди сам за себе, не е од соочување со правда, туку од соочување со прерана (но заслужена) политичка смрт.

6. Обвинението за случаите Талир 1 и Талир 2 поднесени после законскиот рок се обвиненија во кои отпаѓаат незаконски прислушкуваните материјали, и со тоа ја исправаме неправдата, односно даваме фер шанса сега без незаконски прислушкуваните материјали да ја докажат невиноста и неаргументираноста за постоење на овие случаи

Ако Заев и неговата партија го прифатат овој услов од „независната“ пратеничка група, а ако се сигурни дека имаат доволно гласови да го донесат ЗЈО тогаш и го прифатиле условот, итриот муртинец ќе си ја загарантира својата политичка иднина. На овој начин, Зоран Заев ефективно ќе ги делегитимира, но и физички ќе ги уништи сите „бомби“ кои постојат за него, а овој услов гарантира дека во иднина, ниту една снимка која е снимена надвор од редовните ПИ мерки нема да биде прифатена како доказ. А, секој обвинител или судија има дискреционо право да одлучи кој доказ може или не да биде прогласен за важечки или неважечки.

А, Зоран Заев знае дека против него има сериозни аудио-визуелни материјали, особено во случајот „Рекет“.

Со прифаќањето на овој закон, пратениците практично ќе го амнестираат можеби најголемиот криминален клан кој постоел на Балканските простори во последните три децении, по елиминацијата на Белградското подземје.

Ваква итрина секако мора да се честита, но останува на совеста на оние кои свесно ќе го гласаат овој закон дали ќе го амнестираат најголемиот криминалец кој некогаш чекорел по ова тло, или пак, ќе се стават на страната на правдата, макар и во услови кога тоа може да ги чини кариера или еден изгубен пратенички мандат.

Ако ова се прифати, Заев ќе биде амнестиран човек. Тогаш, мислете му ја.

А.Митовски

Претходно «