МУЏАХЕДИНИ ВО СОСЕДСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА: Во Албанија живеад над 4.000 муџахедини

  • August 23, 2018

И покрај фактот што албанските институции го чуваат во тајност број на муџахедини кои се сместени во Албанија, податоците на државниот институт за статистика, ИНСТАТ покажуваат дека 4.000 муџахедини од Иран се пристигнати во земјата.

© AFP 2018/ Eric Feferberg

Во извештајот на ИНСТАТ се наведува дека во рок две години дозвола за престој во Албанија добиле 4.158 лица од Иран. Од вкупниот број 4.000 се муџахедини, додека останатите се дипломати или баратели на азил кои одлучиле да останат во Албанија.

– Според договорот меѓу албанската влада и САД се тврдеше дека бројот на муџахедини кои ќе приситигнат во Албанија ќе биде околу три илјади, но се гледа дека станува збор за поголем број. Министерството за внатрешни работи одби да даде податок за бројот на муџахедините кои се приситигнати во земјава, образоложувајќи го тоа дека станува збор за тајни податоци, пренесува тиранската Репорт ТВ.

Според истиот извор четирите илјади муџахедини се сместени во камп во близина на пристанишниот град Драч и се затворена група, која ги негува традициите кои ги имале додека биле во Иран.

Првата група муџахедини,кои припаѓаат на организацијата Народни муџахедини на Иран (МЕК), во Албанија приситигна во средината на мај 2013 година, од бегалски кампови во Ирак.

Ова не беше прв случај Албанија да прифати американско барање за прием на лица порано сметани за терористи и на кои им се заканува прогон. Во 2006 година Албанија се согласи да прими петмина припадници на муслиманската заедница Ујгури од западна Кина, кои беа заробени од страна на американската армија и држени како осомничени исламисти во базата Гванатанамо, наведува телевизијата. (МИА)

Претходно «
Следно »