Му работел позади грб: Бајден водел тајни преговари со американски нeпријател додека траел мандатот на Трамп

Поврзано

Украина е koлатeрална штeтa: За Американците вистинската цел е дoминација во Црното море

Украина е само потрошен материјал, koj на Американците им даде можност да ги испраќаат своите бродови на Црното Море...

Поради еден зарaзен Австралија стави во kapaнтин цел град

Главниот град на Западна Австралија, Перт, и блискиот регион Пил ќе влезат во брза, тридневна блокада од петок на...

СЗО: Cиpoмaшнитe зeмји добиле само 0,3 пpoцeнти од вakцинитe..

Директорот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека вакцините против Ковид 19 сè уште се недостапни за...
- Advertisement -

Членови на тимот на новиот американски претседател Џо Бајден преговарале со Иран за нуклеарниот договор додека се уште траел мандатот на Доналд Трамп. Тајните преговори со лутиот американски непријател биле водени во Њујорк, пренесува француски Фигаро.

Според неименуваните извори блиски до „моќни кругови во Техеран“, преговорите на тимот на Бајден и претставниците на Иран траат веќе три недели.

– Разговорите се водени во Њујорк меѓу Маџид Тахт Раванчи, иранскиот претставник во ОН и членови на тимот на Бајден. Наскоро ќе дознаеме дали беа успешни, рекол изворот на Фигаро.

Според Фигаро големите европски земји, како Франција, Велика Британија и Германија, не биле запознаени со тие разговори.

Администрацијата на Трамп беше во многу лоши односи со Иран, а иранскиот претседател Хасан Рохани на денот на инаугурацијата на Бајден го повика новиот американски претседател да ги врати САД во нуклеарниот договор. Техеран изрази подготвеност „во целост да ги почитува одредбите од договорот доколку администрацијата на Бајден е подготвена на исто и доколку е подготвена да се врати, без поставување на нови услови“.

Прочитајте и… После Фајзер и АстраЗенека со лоши вести: Испораките на вакцината за ЕУ ќе бидат помали од предвиденото
САД се повлекоа од тој договор во 2018 година, а Иран тогаш на западните земји им даде рок од една година да направат механизми за да бидат избегнати американски санкции. Бидејќи тоа не успеа, Техеран соопшти дека се откажува од некои одредби на договорот, но дека нема намера да развива нуклеарно наоружување. Исто така, Иран наведе дека е подготвен да се врати на договорот кога и САД ќе го направат истото.

Нуклеарниот договор во 2015 година го потпишаа Иран, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција, Германија и Европската унија.

Извор: Србијаданас

Latest News

Украина е koлатeрална штeтa: За Американците вистинската цел е дoминација во Црното море

Украина е само потрошен материјал, koj на Американците им даде можност да ги испраќаат своите бродови на Црното Море...

More Articles Like This