МУ 3APИ HOЖ ВО ГPБОТ: Анѓушев го paзоткри Заев за бyџетската дyпка

  • March 26, 2020
  • Коментари

Во вечерашната емисија на ТВ21 „Клик плус“ поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев во врска со предложените мерки од страна на Зоран Заев за кратење на платите на администрацијата, истакна дека во буџетот ќе фaлат 2 милијарди евра пари.

-Вистинското прашање не е дали ќе се кратат платите или не, туку дали ќе можат да се поделат, затоа што во буџетот ќе фалат 2 милијарди евра. Тие 2 милијарди евра воглавно ќе треба да се трошат на плати, истакна Анѓушев.

Тој вели дека ние можеме неколку месеци да делиме плати, но што ќе се случи доколку во буџетот ќе нема пари за плати и посочи дека вистинското прашање е дали може да се обeзбедат и како ќе се обезбедат тие 3 милијарди евра задолжување.

-Денеска во светот не се прашува дали треба да се задолжите, туку дали можете да најдете финансиски средства односно извори од каде би се задолжиле, вели Анѓушев.

Тој истакна дека Германија прогласи 5% дефицит на буџетот односно направи пакет на економски мерки од 750 милијарди евра, во Америка отиде дефицитот над 10 % и кај нас ќе биде таа бројка сeриозна.

Доколку не се направи брзо задолжување и доколку не се обезбедат финансиски средства за покривање на дупките во буџетот ќе дојде до прашање можноста дали воопшто ќе се поделат плати, а не колкави ќе бидат тие.

Претходно «