December 9, 2021, 12:05 pm

Мaкeдoниja дoбивa пoмoш и од Црнa Гoрa – утрe приcтигнувa хeликoптep зa гaснeњe на пoжap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црна Гора утре ќе испрати хеликоптер за Македонија, кој ќе учествува во справувањето со пожарите. Ова го напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот профил на „Фејсбук“.

Станува збор за хеликоптер од типот Bell 412. Претходно хеликоптери испратија и Србија.

„Утре наутро во справувањето со пожарите се вклучува и Црна Гора – испраќа хеликоптер Bell 412. Благодарност до колешката Оливера Ињац! #НиеСмеНАТО#ЗаедноПосилни“, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Објавата можете да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Двајца велосипедисти прегазени во Тетово, возачот на автомобилот тешко повреден

На 08.12.2021 во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружниот тек од бул.„Видое Смилески Бато“ со...

More Articles Like This