October 27, 2021, 9:21 pm

Мaкeдoнските кoшaркари забeлежaа убeдливa побeдa прoтив Слoвaчка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската кошаркарска репрезентација забележа убедлива победа против Словачка со 69:47 во рамки на претквалификацискиот турнир за Светското кошаркарско првенство.

На дуелот одигран во СЦ „Јане Сандански“ избраниците на селекторот Драган Бајиќ, уште од самиот почеток ја покажаа својата одлучност да ја забележат првата победа на претквалификацискиот „балон“ во Скопје. Нашите кошаркари, за разлика од завчерашниот меч со Швајцарија, одиграа пожртвувано, се бореа за секоја топка и на крајот заслужено се радуваа.

Капитенот Бојан Трајковски со 16 поени (четири тројки), Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли со по 12 беа најефикасни во нашите редови.

По завршување на првиот дел од турнирот, трите репрезентации имаат по една победа и еден пораз.

Утре е слободен ден, а вторите меѓусебни средби, репрезентациите ќе ги одиграат на 16, 17 и 18 август.

Latest News

Заев: Нема да дозволиме никој да ѝ го ykpaде европскиот дух на Гевгелија

Гевгелија, нема да дозволиме никој да ѝ го украде европскиот дух и да ја врати во времето на барокот,...

More Articles Like This