September 18, 2021, 9:33 am

Мaпa нa aктивни пoжapи вo Мaкeдoниja: Ce бapa kpизнa cocтojбa вo дpжaвaтa, cитyaциjaтa e aлapмaнтнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарите не стивнуваат. Во нивното локализирање и гасење се ангажирани сите расположливи капацитети – на локалните самоуправи, Центарот за управување со кризи (ЦУК), војската, полицијата и граѓаните. Помош пристигна и од соседството, Србија и Бугарија, а денеска се очекува и засилувањето од Словенија – 16 противпожарни возила и 46 пожарникари.

Според последните податоци што ги соопшти вчера директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во земјава се активни 10 пожари, а најсериозна е состојбата во Општина Македонски Брод, како и во регионот на Пехчево и Делчево.

Поради алармантноста на ситуацијата, Управувачкиот комитет го прифати предлогот на Групата за процена и и предложи на Владата да донесе одлука за постоење кризна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена. Владата утрово во 08.30 часот ќе одржи седница на која ќе го разгледа ваквиот предлог.

This image has an empty alt attribute; its file name is pozari-makedonija-1.jpg

– Состојбата се менува од час во час. Однапред не можеме да предвидиме како ќе се однесуваат пожарите зашто исклучително сувата вегетација, високите температури и ветерот придонесуваат за нивно брзо ширење и менување на правците, рече Ангелов во изјава за МИА.

Ангелов најави помош од Словенија и во летала, а тоа е побарано и од Грција, за што, како што информира, се очекува позитивен одговор.

За гасење на големиот шумски пожар во Пехчевско со кој беа зафатени селата Мачево, Робово и Умлена, првично беа испратени пет хеликоптери, два македонски и три српски, но веднаш по нивното пристигнување беа повлечени поради исклучително високите температури. Натчовечките напори на жителите, пожарникарите и сите инволвирани го спасија од опожарување манастирот „Св.Петка”.

Ангелов најави дека во реонот на општина Пехчево денеска ќе се интервенира со пет хеликоптери, уште рано наутро, се додека тоа го дозволува температурата на воздухот.

Синоќа пристигна помошта од Бугарија – пет противпожарни возила кои се вклучија во гасењето на пожарот кај маалото Пасјак во селото Нов Истевник.

Вечерта активни беа два пожари во реонот на Прилеп, еден кај Челопек во Старо Нагоричане, а активни жаришта имаше и кај Липац, Кумановско.

Владата вчера одлучи да им додели по 10.000 денари парична награда на вкупно 300 лица (пожарникари и  останати граѓани) кои помогнаа во гасењето на шумските пожари. Листата на граѓани кои ќе ја добијат наградата ќе биде утврдена во соработка со општините, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. На седница што се одржа вчера, Владата го задолжи Генералниот секретаријат, во консултации и соработка со ДЗС и ЦУК, да обезбеди сместување и храна за лицата кои како странска помош доаѓаат да помогнат околу пожарите. Заклучено е и да се обезбедат податоци за прифаќање техничка помош и помош во работна сила, понудена од Швајцарија, за обновување на објектите кои претрпеле штети од пожарите.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седницата потенцира дека во акциите за гасење на пожарите безбедноста на граѓаните останува приоритет. Тоа го напомена и директорот на ЦУК, Ангелов.

И додека надлежните се обидуваат да се справат со ситуацијата, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за неспособност.

– Ова што се случува е срамно. Ова што се случува е покажување на целосна неподготвеност на државата да одговори соодветно пред она што се вели елементарна непогода. Стојанче Ангелов треба добро да знае дека канцелариски мебел и мобилни телефони не е тоа што го гане пожарот, туку канадерите кои две гофини не се сервисирани, а Владата купувала и плаќала гориво за нив, пожари не гаснат мобилни течефони, не гасне канцелариски мебел ниту пожари се гаснат од владина седница. Пожари се гаснат тука на терен, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој синоќа беше во Пехчевско.

Три српски и еден македонски хеликоптер полетаа кон Пехчево

Три српски и еден македонски хеликоптер полетаа од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Тој на Фејсбук објави дека вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во овој регион.

– По извршеното изведување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар. Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот и процесот на гаснење од воздух, напиша Ангелов.

Пожарот кај Робово и Умлена сеуште активен

Огнената стихија сеуште ги става во опасност мештаните од селата Умлена и Робово кои се најзагрозени од пожарот кој цела ноќ гореше во нивна близина.

Александар Мачевски, жител на Робово, утрово информира дека најкритична сеуште е ситуацијата кај Умлена каде во текот на ноќта пожарот се гаснеше интензивно и посочува дека тој е се поблизу.

– Утрово имаше хеликоптер во извидница, очекуваме наскоро да дојдат други хеликоптери и да почне да се гаси огнот. Голем број од мештаните синоќа беа на првата линија, заедно со Армијата и од утрово помагаа. Да се надеваме дека ситуацијата денес ќе биде подобра, изјави Мачевски.

Во гаснењето од вчера се вклучи и тимот од 25 пожарникари од Бугарија. Комесарот на единицата од Благоевград, Георги Пармаков информираше дека веднаш по пристигнувањето им биле доделени задачи и дејствувале на поголем простор во Пехчевско до доцна во ноќта, а продолжуваат да пружаат помош и од утрово.

Во меѓувреме на Фејсбук, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов истакна дека три српски и еден наш хеликоптер се на пат кон опожареното подрачје со цел да ја пружат потребната помош.

Од полицијата информираа дека по стабилизирањето на ситуацијата е пуштен за сообраќај и патот Делчево – Пехчево – Берово, кој синоќа поради алармантната состојба беше пренасочуван преку алтернативни патни правци.

-Патот е пуштен за сообраќај и возилата кои се движат на овој патен правец не се задржувани. Од она што можеме да го кажеме засега ситуацијата е помирна, велат од полицијата.

Последните информации околу вториот пожар кај маалото Пасјак, во делчевското село Нов Истевник говорат дека истиот е под контрола. Во гаснењето на пожарот синоќа кај Пасјак беа ангажирани 2 возила и 40 луѓе кои дежураа цо текот на ноќта.

Петте хеликоптери веќе го гасат пожарот кај Пехчево

Пет хеликоптери веќе го гаснат пожарот во пехчевско. Тие полетаа откако претходно рано утрово беше направено извидување на теренот со еден армиски хеликоптер.

– Петте хеликоптери почнаа со гаснење. Поради безбедносни причини и протоколи нема да се вклучам во живо, напиша директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на Фејсбук.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Вистина или мит? Британската влада се оглaси по повoд теoриите на загoвор за вaкцинaта – објaвени од свeтската ѕвeзда aнтивaксeрка

Седницата за коронавирус во Британија доби сосема нова димензија, кога главниот лекар и премиерот беа вовлечени во разговор за...

More Articles Like This