Набавката на вакцини за Западен Балкан на дневен ред на состанокот на ЕУ лидерите во четврток

Поврзано

Повторно висок број новопримени во Скопје: Дневна состојба во Koвид-центрите

Во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти со компликации од коронавирусот, со што бројката сега изнесува 323 лица кои...

Пpинц Филип имaл oпepaциja нa cpцe: Ocтaнyвa вo 6oлницa – oвa ce дeтaлитe

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, беше опериран и ќе остане во болницата. Според британските медиуми, повикувајќи се...

Грција oд дeнecкa вoвeдyвa нajcтpoги мepки: Bpтoглaвo pacтe бpojoт нa нoви cлyчaи, пoлициcкиoт чac ќe зaпoчнe вo 19 чacoт

Од денеска до 16 март, во Грција се воведуваат построги мерки, со кои се ограничува движењето и се зголемуваат...
- Advertisement -

Набавката на вакцини за Западен Балкан ќе биде една од темите на дискусија на лидерите на ЕУ на состанокот на 21 јануари, најавено е вечерва во Брисел.

– Треба да разговараме за соработката со трети земји во врска со вакцините што треба да се третираат како глобално јавно добро. Ќе видиме како можеме да им помогнеме на нашите партнери во соседството и пошироко, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во писмото со покана до лидерите на земјите-членки на ЕУ, пред видео-конференцијата закажана за четврток во 18 часот, Мишел наведува дека на состанокот ќе се разговара и за кампањата за вакцинација во рамките на ЕУ.

– Забрзувањето на вакцинацијата во ЕУ е наш апсолутен приоритет, вели Мишел.

Покрај расправата за набавка и дистрибуција на вакцини низ ЕУ-27 и во соседството, Мишел најавува и разговори за сертификати за вакцинација.

– Ќе разговараме за соодветноста на заедничкиот пристап кон сертифицирање, како и, доколку е потребно, околностите под кои може да се користат ваквите сертификати, рече Мишел.

Претседателот на Европскиот совет смета дека моменталната состојба со Ковид-19 во Европа бара најголемо внимание.

Покрај почетокот на вакцинацијата, тој повика да продолжат тестирањата и следењето на контактите, но и да се овозможи прекугранично движење во рамките на ЕУ.

Latest News

„Цpвeн aлapм зa нaшaтa плaнeтa“: Нajнoвиoт извeштaj нa OH пpeдyпpeдyвa нa нeдocтaтoк нa глoбaлнa aмбициja зa cпpaвyвaњe co климaтcкaтa kpизa

До крајот на 2020 година, земјите требаше да достават ажурирани и поамбициозни национално утврдени придонеси (НДЦ) за справување со...

More Articles Like This