НАВРЕДИ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: Немам разбирање ако ти пречи мојот јазик!

  • January 18, 2018

По одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпишува Указот за Законот за јазиците, реагираше и новинарот Урим Хасипи. Тој вели дека нема разбирање ако на некој му пречи албанскиот јазик, пишува Журнал

© AP Photo/ Boris Grdanoskiptar

“Јас не сум крив што го имам најубавиот и најпосебниот јазик на светот. Мене не ми го оспорува никој ниту името ниту јазикот. Тебе и на твојот народ ве боли ова. Јас немам разбирање ако ти смета мојот јазик. Уште повеќе во сржта те боли, кога се знае дека конгресот на азбуката се одржа во светиот град Битола. Јас не можам да поднесам некој да ми утврдува како да го зборувам албанскиот јазик, каде, како и колку ќе зборувам. Од сега па натаму немаме потреба ништо да бараме туку со сила ќе го земеме. Излезот е поделба на оваа држава која не презира. Не постои подобро нешто отколку да се има еден народ, една ДРЖАВА, едно ЗНАМЕ, еден ЈАЗИК “, вели новинарот Урим Хасипи во својот коментар за одлуката на претседателот Иванов да не го потпише законот за јазиците.

Претходно, Иванов до македонското Собрание достави писмо со укажувања во кое јасно се наведени кои делови, членови и ставови од Законот за употреба на јазиците се спротивни и го кршат Уставот на Република Македонија.

Забелешките на кои укажува претседателот Иванов се нотирани на 14 страници во 21 точка, а се однесуваат на суштински забелешки во кои се појаснува апсурдноста и противуставноста на изгласаниот Закон за употреба на јазиците, вклучително и самиот назив на Законот.

Претходно «
Следно »