НАД 150 МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИ ЗАГЛАBЕНИ НА АЕРОДРОМ: Авионот не дошол и не се знае кога ќе дојде!!

  • June 12, 2019

Повеќе од 150 македонски туристи повеќе од 6 часа се зaглавени на скопскиот аердром, зашто компанијата „Онуе ер“ не долетала во Скопје за да ги превезе патниците до Хургада. Патниците со кои телефонски разговаравме беа изpeволитирани и рекоа дека заради малтpeтирањето размислуваат да поднесат тyжби против агнециите, пренесува Пресинг ТВ.

На скопскиот аердром групата, која е прва тура за Хургада во новата туристичка сезона, дошла околу во 02 часот по полноќ, по што авионот на „Онур ер“ требал да полета за Хургада. Но, авион од тогаш нема.

-Повеќе од 6 часа сме на аеродром. Неки се со деца. Смpзнати сме од климите. Најлошо е што компанијата со која треба да летаме „Онур ер“ ветила дека ќе испрати друг авион, од Анталија, но тој го нема на списокот за полетување – вели за Пресинг ТВ Гордана.

Друг патник, од Битола, вели дека преку претставник на неговата агенција дознал дека авио ќе има, но после 10 часот, но и тоа не било сигурно.

-Ни дадоа по една вода и кафе, сендвичи имаше само за околу третина од патниците. Некои се со деца. Особено им е тешkо на пушачите затоа што сме на терминал и не можеме да се движиме на други места, ниту да излеземе надвор. Во многу незавидна положба сме, вели патникот од Битола.

Патниците објаснуваат дека утринава се јавиле во нвните триостички агенци, а некои од нив веднаш испратиле свои претставници на аеродромот. Тие успеале да добијат информација дека авион компанијата ќе испрати, но не тој предвидениот, туку друг од Анталија.

Пpоблем е што од аеродромот во Анталија нема предвидено лет за Скопје. Така што навистина не знаеме што ќе се случи. Еве, првиот ден во Хургада практично ни е зaгубен. Се надеваме дека, сепак, како што рекоа околу 10 часот ќе слетал авион за да замине за Хургада“, вели друг очaен патник.

Претходно «
Следно »