Намалена видливост поради магла на патот Скопје – Катланово – Велес

  • November 12, 2018

Намалена видливост поради појава на магла во раните утрински часови од 100 до 150 метри има на патниот правец Скопје – Катланово, а до 100 метри на патот Велес-Катланово и обратно, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Претходно «
Следно »