НАМЕРНО ИЛИ НЕ, ВИЦЕ ЗАЕВ ПОВТОРНО ВМЕШАН ВО „ШЕМА“: Зaкaни по живoт, пцовки и pacправии по телефон помеѓу Вице Заев и бизнисмен од Скопје

Поврзано

Ахмети: Заев ми се јавува после секоја изјава да ми се извини

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели дека Зоран Заев, после секоја изјава против ДУИ, му се јавува да му...

СДСМ и нивниот kpиминал ќе ги испратиме на мрачната страна на историјата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 вечерва од...

Чулев: Пред нас се многу реформи кои ветува дека ќе ги направам

Денес ги посетив општините Брвеница и Тетово, се сретнав и со граѓаните на селото Урвич. Восхитен сум од енергијата...

Атрактивна локација во Скопје ги скара старите партиски другари, дознава Инфомакс, а аферата стигнала до ушите на премиерот кој пак ветил дека ќе го „искара“ неговиот брат Вице Заев доколку и тој навистина бил вмешан во ваква „шема“

Плац од 13.000 квадратни метри во близина на хотелот „Хилтон“ во Скопје, ги скара старите партиски другари – бизнисменот Киро Тошевски и братот на премиерот Вице Заев. Првиот тврди дека плацот кој го ставил на продажба станал предмет на интерес на братот на премиерот, па се обидел на различни начини да го добие во своја сопственост.

Другиот пак вели дека не го ни познава сопственикот на плацот, и дека никогаш немал намера да го купи.

Киро Тошевски, бизнисмен, кој на јавноста и е познат по дуелот кој го имаше со бизнисменот Зоран Азманов го обвиниува братот на премиерот Зоран Заев – Вице Заев за рекетирање во обид за атрактивен плац во Скопје. Како што ни објаснува Тошевски, се работи за локација на која Вице сакал да направи болница, но не сакал да ја плати полната цена за локацијата која изнесувала околу 4 милиони евра.

Кога со понуда кај Тошевски дошол адвокатот на Заев, бизнисменот ја одбил понудата која била прениска. Оттогаш па наваму, Тошевски добивал понуди за истиот плац од луѓе кои тој смета дека се блиски до Вице Заев, за што тој претпоставувал дека се јатаци на братот на првиот човек на Владата на Р.Македонија. Откако Тошевски не попуштил, на неговата сметка легнале 1.8 милиони евра како позајмица, пари кои тој не ги побарал од никого. Очигледно, станувало збор – објаснува Тошевски, за обид да се одземе локацијата од негово владение за 1.8 милиони евра, на начин што при извршување на долгот, заинтересираните би се јавиле како исплаќачи на позајмицата која потоа би паднала во нивно владение.

Ваквата аватнура вчера дошла до своето крешендо, кога по исказот на бизнисменот Киро Тошевски во Обвинителството за Организиран криминал добил повик од Вице Заев, кој во шест-минутен разговор успеал да му упати закани по животот, а останатиот дел од шестминутниот разговор бил сведен на пцовки. За ова, Тошевски го известил и премиерот, кој пак му рекол се што има да објави и доколку неговиот брат е вмешан ќе си одговара, а дека и тој самито ќе го „скара“ неговиот брат. Но, доколку не е, бизнисменот ќе добие тужби од Вице и Зоран Заев.

Вице Заев пак, демантира дека се познава со Тошевски.

„Точно е дека вчера по претходно добиени пораки на ‘Телеграм’ од за мене непознато лице со иницијали К.Т. кои пораки исо така беа со непозната содржина, па од интерес да видам да не случајно е грешка човекот го побарав и имавме разговор“ – потврдува Вице Заев за „Инфомакс“, но додава дека разговорот траел кратко затоа што човекот (Тошевски) изнел куп лаги и клевети против него.

„Разговорот траеше кратко од причина што човекот изнесе еден куп лаги и клевети против мене, а вистината е дека јас лично со него ниту писмено ниту усно сум разговарал или договарал за она за што конкретно ме посочува мене. Ниту пак знам кој имот продавал човекот и на кој начин сум виновен“ – објаснува Вице Заев.

„Од тие причини, како и од причина што неколку пати го спомена мојот брат како демек од почит кон него не ја обзнанувал вистината, го замолив повеќе да не ми додева и се што се поседува ако воопшто поседува, да го приложи или на истражните органи или на медиуми како што се закануваше. Истовремено му реков дека ќе го пријавам во полиција за вознемирување и заканување бидејќи односот му беше хаотичен, спомнуваше нешто неврзано и вознемирувачко. “ – објаснува за „Инфомакс“ братот на премиерот, Вице Заев.

Тој додава дека во овој период било во „мода“ да се појавуваат луѓе чија цел е да го оцрнат неговото, и името на неговиот брат Зоран Заев.

„Видете, во периодот е во мода да се појавува по некој кој нормално од разни причини ќе сака да го оцрни моето име или името на мојот брат но вистината секогаш излегува на виделина, така ќе биде и со ова“ – заклучува Вице Заев во изјава за „Инфомакс“.

Како што дознава „Инфомакс“, случајот е пријавен и се води истражна остапка во Обвинителството за организиран криминал, каде Тошевски во текот на вчерашниот ден дал и исказ.

 

А.Митовски

Актуелно

(Аудио) Вице Заев и екипата купуваат гласови во Струмица?

Веќе проверената технологија на купување на гласои за која читавме и слушавме на снимка што ја објави италијанскиот весник...

Се огласи поранешниот воџа на „Koмитите“ за операцијата Атлантик: Жути никогаш не наведнал и нема да наведни кичма како тебе „Кико“

Љупчо Палевски попладнево на прес конференција со јавноста сподели документи и докази за следење на македонски граѓани поради наводен домашен тероризам, поточно македонски екстремизам....

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Свети Николе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Свети Николе. Проследете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/602440627318143/

(Документи) Митовски: Ова е тepористичка држава

Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името. За...

120 нови случаи на Koвид 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4,...

Повеќе вести