НАНО РУЖИН ЗА СЕВЕРНА: Северна Македонија е вистинско, достоинствено име!

  • December 6, 2018

Нано Ружин, ректор на Универзитет ФОН, каде што денеска се одржа втората јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот, смета дека Македонија со Преспански договор добива достоинствено име.

Ние станавме држава No name. Референцата ФИРОМ се институционализира. Со Договорот, практично, добиваме едно вистинско, достоинствено име. Ја надминуваме референцата, бидејќи сите вие, а има од вас многу луѓе што патувале, знаете дека сме насекаде викани и именувани како ФИРОМ“, рече Ружин пред премиерот Зоран Заев и другите присутни на дебатата.

Според македонскиот амбасадор во НАТО од 2001 до 2008 година, Македонците можеби несвесно имале иредентистички амбиции со инсистирањето на името Македонија за државата.

Премиерот рече: ‘Грција нема потреба да има страв од Македонија. Со камења можеби ќе ги нападнеме’. Но, геополитичарите често ни викаа: “Македонија има иредентистичка политика’. И ниое викаме: ‘Ма, смешно е тоа. Невозможно’. Меѓутоа, има и логика во тоа. Можеби не бевме свесни. Објаснувањето на Атина беше дека регионот што се нарекува Македонија, знаеме дека го делат Република Грција со 51,56 отсто, Република Македонија со 38,2 отсто и Република Бугарија со 10,2 отсто, колку нас да ни изгледа чудно, во геополитиката кога вие имате монопол над еден простор да се вика според вашето име ипсо факто се наметнува иредентистичка амбиција. Иако за тоа не сме биле ни свесни и воопшто не ни паѓа ни на крај на памет. Но, зборувам со зборовите на науката“, објасни Ружин.

Претходно «
Следно »