НАПРАВЕТЕ СИ ПАНАКОТА ДОМА – РЕЦЕПТ

  • January 21, 2020
  • Коментари

Панакота со прелив од малини

1. Во сад се ставаат 50 мл. ладна вода и 2 пакетчиња желатин и се оставаат 10-тина минути.

2. Во тенџере на тивок оган се става 1 л. слатка павлака и кога добро ќе се загрее се додаваат 1 л. млеко, 50 гр. шеќер во прав и 1 стапче ванила и се меша постојано додека смесата не се доведе до точка пред вриење.

3. Се трга од оган и се додава желатинот со постојано мешање.

4. Смесата се распоредува во модли и се остава 1 час на собна температура а потоа се става во фрижидер. Најдобро е да отстои во фрижидер 6-8 часа.

5. Пред сервирање модлите се ставаат неколку секунди во топла вода за полесно да се извади панакотата.

* Јас панакотата ја послужив со овошен сос од малини.

Замрзнатите малини се ставаат во тенџере со малку вода и шеќер и се оставаат да провријат кратко. Во посебен сад се меша густин со малку вода и се додава во сосот од малини. Се меша додека сосот не почне да се згуснува.

* Од оваа количина на состојки излегоа околу 25 панакоти (во калапи со различна големина и форма).

Претходно «
Следно »