НАРЕДНАТА ГОДИНА ЗАБАВУВА СВЕТСКИОТ ЕКОНОСМКИ РАСТ: Глобалниот економски раст се очекува да забави во следната година поради построгите финансиски услови

  • November 6, 2018

Глобалниот економски раст се очекува да се забави во следната година поради построгите финансиски услови. Ова го велат економисти од „Goldman Sachs Group Inc.“ на чело со Јан Хациус, според кого фискалната политика станува главен фактор во поддршка на растот, бидејќи и другите влади се приклучуваат кон САД и ги зголемуваат фискалните нивоа.

„Гледајќи напред кон 2019-та година, ние очекуваме сличен придонес од страна на паричните стимулации за светскиот раст, како и во 2018-та година, но составот се менува од центриран врз САД кон поширок меѓу новите и пазарите во разој“, посочуваат аналитичарите.

И иако тоа ќе обезбеди ублажување на ефектите врз глобалната економија, сепак е тешко да се повлече категоричен пат за растот на светскиот бруто домашен производ следната година.

„Зголемувањето на цената на нафтата, на пример, може да биде ризик од влошување. Од друга страна актуелниот застој и долгото чекање за подобрување на продуктивноста може да остават на економиите повеќе простор за раст“, посочуваат уште економистите.

„Нашата анализа укажува дека растот во 2019-та година треба да биде малку помал отколку што беше во 2018-та година“, посочуваат експертите на „Goldman“.

Претходно «
Следно »