НАРОДОТ БАРА ОСТАВКА ОД ЗАЕВ: „Проклет да бидеш предавник на Македонија“ и „Оставка, оставка“ се ореше на плоштад!

  • March 4, 2018

Илјадници граѓани на денешниот протестен собир во одбрана на името побараа оставка од премиерот Зоран Заев поради политиката која ја води во спорот за името со јужниот сосед Грција. Со пароли „Проклет да бидеш предавник на Македонија“ тие скандираа „оставка, оставка“.

Протестот е во организација на движењето „Нашето име е наше право“.

На протестот се изразува незадоволство од, како што пишува во најавата, политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Движењето „Ние сме Македонија” започна во јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за првпат беше објавена декларација со која што се бара итен прекин на разговорите за името и поднесување резолуцијата во Генералното собрание на ОН за признавање на уставното име на Република Македонија.

Претходно «
Следно »