НАСА ПРЕДУПРЕДУВА НА ОПАСНОСТ ОД АСТЕРОИД: Карпа голема колку „Емпајер Стејт“ би можела да ни падне на глава!

  • February 15, 2017

Астероид во облик на кикирика, поголем од Емпаер Стејт Билдинг, би можел во еден момент да падне на Земјата, предупредуваат научниците на НАСА
asteroid

Карпата, чиј официјален назив гласи 2015 БН509 се приближила до Земјата минатата недела и „прошишала“ на само 70.500 километри од нас, а НАСА ја означи како „потенцијално опасна“. Астероидот долг 400, а широк 200 метри е снимен со радио-телескоп од опсерваторијата Ареципо, пренесува „Дејли Мејл“.

Др. Едгар Ривиера Валентин, планетолог на Универзитетското здружение за вселенски истражувања, кој ги проучува податоците добиени од опсерваторијата Арецибо во Порторико, вели дека станува збор за астероид кој е од два дела.

„Арецибо не е само наша кристална топка за предвидување на иднината, туку уред кој ги опишува објектите. Можеме да го проучуваме нивниот облик, големина, ротација и состав“, вели тој.

НАСА минатата година основаше одделение за одбрана од астероиди, со цел Земјата да се заштити од објекти од вселената. Секоја година се откриваат околу 1.500 објекти кои потенцијално би можеле да удрат на земјата, а повеќе од 90% се поголеми од еден километар во пречникот.

Вселенската агенција сега предлага изградба на инфрацрвен вселенск телескоп „Неокем“, кој би требало да лоцира повеќе потенцијално опасни тела во вселената.

Претходно «
Следно »