НАСИЛНИКОТ САРАЧИНИ ПРЕДЛОЖЕН ОД СДСМ: Со шипка нападна новинар, тепаше полицајци – СДСМ го предложи за член на ад-хок комисијата!

  • August 22, 2016

Вкупно 9 кандидати се во игра за 5тото отворено место во ад хок телото за мониторинг на медиумите, дознава Пресс24.

petrit_saracini_hebla

Станува збор за следните кандидати:

Сефер Тахири

Бесмира Ејупи

Илир Ајдини

Ајат Реџепи

Даут Даути

Фитим Кријезиу

Лулзим Хамиди

Јосиф Џочков

Ова се 8-те лица кои до рокот кој истече вчера на полноќ ги поднеле своите апликации.

Љубомир Костовски кој беше предложен од СДСМ во последен момент како кандидат го предложи Петрит Сарачини. Образложението било дека Сарачини не конкурирал на сајтот, односно не испратил апликација до Агенцијата, туку директно до него.

Сарачини важи како еден од најистакнатите активисти на Сорос и СДСМ кои во континуитет покажуваат невидена пристрасност кон медиумите под контрола на Сорос и СДСМ. Одлуката најверојатно ќе биде донесена во среда.

За потсетување, Петрит Сатрачини беше предводник заедно со портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кога беше уништена фасадата на Министерството за надворешни работи.

Во тогашните насилни протести организирани од страна на т.н. Шарена револуција, беа сквернавени и уништени културни знаменитости во главниот град. Сарачини беше еден од најгласните говорници и поддржувачи на таквото однесување.

Воедно, Сарачини имаше и обид физички да го нападне дописникот на МИА од Брисел Бобан Нонковиќ со метална шипка, а во јавноста се шират шпекулации дека истиот е уживател на забранети опојни супстанци.

Претходно «
Следно »