НАТО ГО ПОДДРЖУВА НАПАДОТ НА СИРИЈА

  • April 14, 2018

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поддржува воената акција на САД, Велика Британија и Франција против сирискиот режим, оценувајќи дека така ќе се намали способноста за понатамошни напади со хемиско оружје на сирискиот народ.

„Ја поддржувам акцијата на САД, Велика Британија и Франција против постоење на хемиско оружје на сирискиот режим. Тоа ќе ја намали способноста на сирискиот режим дополнително да го нападне сирискиот народ“-изјави Столтенберг.

НАТО, потсетува тој, доследно ја осудуваше Сирија која продолжи да го користи хемиското оружје и на тој начин грубо ги кршеше меѓународните норми и Договори.

Користењето на хемиско оружје е неприфатливо, а одговорните мораат да сносат одговорност, се наведува во изјавата на генералниот секретар на Алијансата.

Претходно «
Следно »