НАТО остана без 150 турски офицери

  • December 8, 2016

Околу 150 турски офицери ги напуштиле командните структури на НАТО по неуспешниот воен преврат од 15-ти јули, изјави американскиот генерал на чело на сојузничките сили во Европа, Кертис Скапароти.

5848afcac46188597b8b45e4

-Голем број турски офицери се во затвор, некои се отповикани од Брисел, а некои заминаа во пензија- изјави американскиот генерал Кертис Скапароти во рамките на еден состанок на НАТО во Брисел. Скапароти појаснил дека тие заминување, некои присилни а некои посакувани, се однесуваат на 50 отсто од турските офицери во Сојузничката команда за операции (ACO) и дека станува збор за 150 воени лица.

-Тоа влијае на функционирањето на командата и ставање на дополнителен товар на оние кои остануваат- додава Скапароти според кој малку повеќе од половина воени лица се веќе заменети. Местата од кои заминале се SHAPE, стратешкиот главен штаб на НАТО во Монс во Белгија, и двата друга главни штаба на ACO во Неапол во Италија и Брунсум во Холандија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на 18-ти ноември откри дека неколку турски офицери побарале азил во земјите членки на НАТО, без да ги прецизира ниту нивниот број, ниту земјите во кој барале азил. Во една база во Рамстејн, во западна Германија, забележани се неколку истапувања на турски офицери, пишува германскиот печат.

Многу турски војници и офицери побегнаа во разни европски земји по обидот за државен удар и чистките кои се спроведуваат во војската. Случајот кон најмногу го следат медиумите се однесува на осум турски офицери кои ноќта кон 16-ти јули со хеликоптер пребегаа во соседна Грција. Грчкото правосудство се согласи на Турција да ѝ предаде тројца офицери кои можат да бидат обвинети дека соработувале со пучистите, иако тие го негираат тоа,Ден претходно, пак, судот во Атина одби да ги екстрадира другите тројца офицери кои ги бара Анкара.

Претходно «
Следно »