НАТО СЕ ВООРУЖУВА: Америка купува еден украински тенк „Оплот“

  • March 1, 2018

Украинската фабрика „Малишев“ на САД ќе испорача еден тенк „оплот“, пишуваат медиумите, повикувајќи се на неименувани извори

Испораката ќе ја изврши државна компанија-специјален извозник, јави магазинот „Воено-индустриски курир“, повикувајќи се на претставници на украинскиот воен бизнис.

Изворот ја нарече испораката перспективна. По негово мислење, американската страна на тој начин и порачува на украинската технологија дека ќе и даде можност на воено-техничката соработка помеѓу САД и Украина.

Рускиот воен експерт Виктор Мураховски објасни зошто на Американците им треба украинскиот тенк.

„Американците купија еден тенк, како што купуваа по една единица од старите модификации од советско производство: еден авион, еден тенк, една ракета. Тие ќе ја расклоат техниката, ќе извршат тестирања, ќе ги проверат параметрите на заштита, видливоста во различни услови итн.“, објасни Мураховски.

Иако базата на тенкот „Оплот“ е добро познатиот советски Т-64, Американците се заинтересирани и понатаму за нејзината модификација. Тие на пример, купија тенк Т-80УД и друга оклопна техника, наведува експертот.

Претходно «
Следно »