НАТО СО НОВИ ПРОВОКАЦИИ ДО РУСИЈА: Москва ги следи маневрите на НАТО по границата со Русија

  • June 4, 2018

Москва ги следи воените вежби што ги држи НАТО, особено во близина на границите на Русија, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

“Москва секогаш внимателно ги следи сите воени вежби што ги одржува НАТО, особено оние кои се релативно блиску до нашите граници. Се разбира, нашите соодветните институции ги преземаат сите неопходни мерки за да се осигура безбедноста на нашата земја во текот на такви маневри “, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали Москва е вознемирена од меѓународни воени вежби на НАТО”Удар на сабјата 2018 “.

Голема воена вежба, предводена од САД, која вклучува 18.000 војници од 19 земји, главно членки на НАТО, започнаа на источното крило на Алијансата. Вежбите исто така ја вклучуваат Полска и три балтички држави – Естонија, Летонија и Литванија.

Претходно «
Следно »