НАТО ЌЕ РАСПОРЕДУВА ПОВЕЌЕ ВОЈСКА ВО ЕВРОПА: Наводна руска закана како причина за распоредување повеќе војска, одговори и Русија

  • June 3, 2018

Русија е загрижена поради зголеменото покажување на мускулите на НАТО во близина на нејзините граници. Таквиот потег е опасност за разгорување на тензиите меѓу поранешните непријатели od Студената војна.

НАТО планира да формира резервни сили од 30.000 војници, плус стотици борбени авиони и бродови подготвени за брзо распоредување во случај на замислен напад од Русија, објави Ди Велт, цитирајќи дипломатски извори во Брисел.

Според весникот, резервните сили ќе бидат додадени на веќе 20.000-те сили за одговор на НАТО во Европа, кои можат да бидат распоредени во рок од 30 дена.

САД, наводно, стојат зад идејата за резервни сили, а Германија и е дадена водечка улога во новата борбена формација.

Министрите за одбрана на НАТО се очекува да разговараат за планот кога ќе се состанат во Брисел некаде следната недела. Според Дие Велт, НАТО, исто така, сака да ја подобри својата “борбена мобилност” за да може брзо да ги движи тенковите и другото тешко оружје за соочување со можни проблеми.

Ова ќе бара подобра инфраструктура и отстранување на административни бариери и ќе го олесни процесот на политичко одлучување.

Иницијатива на ЕУ

Извештајот на комитетот за меѓународни прашања на Европскиот парламент, кој треба да биде објавен пред претстојните воени вежби на НАТО во балтичките држави,ќе повика на поблиска интеракција помеѓу НАТО и ЕУ и воена структура на источниот и јужниот дел на Европа во обид да се одврати имагинарен руски упад на Источна Европа.

Плановите се во тек за распоредување на четири мултинационални сили во Естонија, Литванија, Латвија и Полска. Извештајот, исто така, бара да се поправат патиштата и мостовите за да се забрзаат воените распоредувања. НАТО го зголемува своето воено присуство во Источна Европа и во балтичките држави како средство за заштита на државите од наводна “руска агресија”.

Одговор на Русија

Русија во повеќе наврати изрази сериозна загриженост во врска со воените засилувања на НАТО долж нејзините западни граници. За време на состанокот на Советот за безбедност на Русија во април, претседателот Владимир Путин рече дека НАТО се обидува да предизвика нови конфликти и да поттикне стари во поранешните советски републики.

НАТО го зголемува своето воено присуство во Источна Европа и балтичките држави како средство за заштита на нив од наводна “руска агресија”.

Москва, од своја страна, постојано ги негираше плановите за напад на било кој член на Северноатлантската алијанса и инсистира на тоа дека НАТО ги поттикнува стравувањата од Русија за да го зголеми своето воено присуство долж руските граници.

Претходно «
Следно »