October 27, 2021, 9:38 pm

Натпревар во издржливост “Еверестинг” на Водно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Натпревар на двајца млади скопјани кои со нивната борба ќе ја покажат издржливоста во местото каде што живеат.

На Водно денеска и утре ќе се одржи натпревар во издржливост „Еверестинг” во организација на Планинарски клуб „Ај лав хајкин груп Маседониа” од Скопје, кој има за цел да се искачат 8.848 метри висинска разлика, без ниту еднаш да заспијат натпреварувачите.

– Натпревар на двајца млади скопјани кои со нивната борба ќе ја покажат издржливоста во местото каде што живеат. Со затворени граници сепак можеме да одиме на некој начин на Еверест. Едната девојка ќе го искачува боса како дополнителен предизвик и како порака до сите, за здравјето треба да се работи. Втората порака која сакаме да ја испратиме до цела Македонија е дека, натпреварувачите ќе ги симнуваме секој пат со целосно електични возила, за да ја оставиме срединита каква што сме ја затекнале, за следните генерации, информираат од Планинарскиот клуб „Ај лав хајкин груп Маседониа”.

Натпреварот ќе почне денеска во 21:00 часот од средно Водно, а крајот е планиран за сабота после пладневните часови.

Latest News

Арсовска од Сарај: Скопје повторно ќе биде град на соживот

Скопје повторно ќе биде град на соживот, соработка и солидарност. Ќе биде град во кој ќе нема заборавени населби...

More Articles Like This