August 13, 2020, 4:01 pm

НАУМ СТОИЛКОВСКИ: Власта ги зацрнува зелените пазари, СДСМ ќе остави 20.000 семејства без животна егзистенција

Поврзано

Ахмети не се откажува од Албанец премиер, го прашува Заев зошто да не?

Лидерот на ДУИ Али Ахмети останува на барањето за ротирачки Албанец премиер. Во изјава за медиумите, Ахмети потенцираше дека...

Американската амбасадорка му го честиташе мандатот на Заев

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му го честиташе мандатот за...

Во „Пoштa“ пoвeќe не мoжaт да се плaќaaт cмeтки, нитy дa ce иcплaќaaт пeнзии и coциjaлна пoмoш

Поради пропаѓањето на „Еуростандард банка“, платниот промет е во „Македонски пошти“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа...
- Advertisement -

Однародената власт продолжува со својата елитистичка филозофија „поскап живот за најевтините“. Власта удри по една од најчесните, но најранливите категорија, воведе мерка за бркање на пензионери, хонорарци и оние кои се вработени од зелените пазари, обвинува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Воведува високи лиценци- по текот едно лице една тезга, со што дури на една третина од трговците на зелените пазари законски им забрануваат да тргуваат на зелените пазари. Воведоа и казни од 1500 до 2000 евра! Без да бидат земени во предвид фактите за оние кон кои се однесува оваа црна мерката, се наметнува лиценци, а потоа ќе казнуваат. Оваа власт повторно ја покажува својата негрижа за народот, за оние кои едвај преживуваат, кои се на минималец, со мала плата помола, со хонорар или со пензија, оние на кои не им стасува да преживеат во услови на спиралата на поскапувања. Власта ги брка од пазарите најранливите категории, оние кои што чесно го дополнуваат буџетот за корка поскап леб.   Со црната мерка засегнати се една третина од оние кои што тргуваат на зелените пазари, најмалку 20 илјади луѓе, 20 илјади семејства, што би се рекло 80 илјади усти за ранење! Нив ги брка, а тезгите ги остава на крупните прекупци од кванташките пазари! Да се разбереме, оние кои што имаат повисока плата, не стојат на пазарите, истакна тој.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Зоран Заев, како сам се опишува црпнатиот од нива, заборави и на нивите и на родот и на земјоделците и на пазарите.

-Во услови на девастирано земјоделие, удира по ситните производители, удира по земјоделците, удира и на голема група кои купувајќи од нив, за пониска цена носат храна дома! Но за оваа мерка на Министерството за економија, Министерството за Труд и социјална политика нема замерки! Нема замерки иако директно зафаќа најмалку 20.000 ранливите граѓани! За оваа мерка нема реакција ниту од Министерството за земјоделство, иако оваа мерка дополнително силно ќе влијае и врз откупните цени на производите, кои да потсетиме без пласман останаа необрани, или на буниште! Оваа мерка ќе допринесе за заштита на големите трговци, големите прекупци по пазарите и маркетите.  Оваа однародена мерка на црната власт не води сметка за тоа што ќе се засили сивата економија, ќе се продава на црно, на диви пазари, а државата нема да си го наплатува делот, рече тој.

Стоилковски посочува дека власта ги зацрнува зелените пазари.

-Црната мерка е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Според Уставот секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход. Никој што е поврзан со делот на трговија на зелените пазари нема објаснување зошто пензионери, хонорарци или вработени легално не би тргувале на зелените пазари и со тоа да го дополнуваат тенкиот семеен буџет? Го осиромашија народот, ги скратија примањата, пензиите, ги дигнаа акцизите на горивата, го уништија земјоделството. Ранливите категории на сила ги влечеа од пазарите, им ги шутираа производите, а сега носат и закон со кој што дури 30% ќе бидат спречени чесно да спечалат денар повеќе! И притоа ќе казнува со илјадници евра! Оваа црна власт мора веднаш да престане со хајката по луѓето од зелените пазари,  казните со илјадници евра, понижувањето на оние кои чесно работат. Црнилата мора да запрат. Колку побрзо оваа забегана власт за една намена замине, толку подобро за сите во Република Македонија, порача тој.

Latest News

Дeликaтec од вaшaтa кyjнa – Бaтaци со бeшaмeл

Направете вкусни батаци. СОСТОЈКИ: 2 парчиња батаци, 405 компири, 1-2 тиквички, 200 гр. зеленчук од кесе (грашок, пченка, морков), 4 пиперки,...

Лукашенко: Пaднaа маските на оние кои ги држеа конците

Белоруските власти успеаја да го спpечат големиот план за дeстабилизација на земјата и да ги изложат оние кои ги влечат конците од странство, рече...

Ахмети не се откажува од Албанец премиер, го прашува Заев зошто да не?

Лидерот на ДУИ Али Ахмети останува на барањето за ротирачки Албанец премиер. Во изјава за медиумите, Ахмети потенцираше дека СДСМ треба да дадат силни...

Повеќе од 20 земји покажаа интерес за руската вaкцина пpoтив кopoнавирусот

Повеќе од 20 земји изразија интерес за руската вaкцина прoтив кoронавирус, рече на неделниот брифинг официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија,...

Укpaдeни над 30.000 eвpa од кyќa во Лecкoeц

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Н.(26) од с.Вапила, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 04.08.2020, во куќа сопственост...

More Articles Like This