НАУЧЕН МЕТОД СТАР 35 ГОДИНИ ОТКРИВА ДАЛИ СТЕ ЈА ПРОНАШЛЕ ЉУБОВТА НА ВАШИОТ ЖИВОТ!

  • February 12, 2019

Има прашања кои никогаш не престануваме да си ги поставуваме самите на себе. Прашања како: „Дали сум со вистинската личност?“, „Дали треба да прекинам со врската?“, „Дали ја правам вистинската работа“?

Благодарение на истражувачите од Америка, постои едноставен начин да дознаеме дали личноста со којашто сме во врска е баш онаа вистинската или можеби е подобро да бараме на друго место.

Без големи филозофии и премногу размислување, две прашања откриваат дали сте ја пронашле љубовта на вашиот живот.
Одговорете ги искрено:

1. Колку сте среќни во врската во којашто сте моментално и колку би биле среќни ако не сте со таа личност?

2. Што мислите, како вашиот партнер/вашата партнерка би одговорил/а на ова прашање?

Зошто се овие прашања толку важни за иднината на врската?

Првото прашање ќе ви даде одговор колку сте навистина (не)среќни со таа личност, додека пак второто прашање ќе открие колку добро ја познавате другата личност и дали се грижите за тоа како се чувствува во однос на вашата врска.

Уште во 1980 година, научниците ги поставиле овие две прашања на 4242 парови ширум светот и во текот на следните 6 години им ги поставувале истите прашања за да ја потврдат делотворноста на овој метод.

Верувале или не, ама 41% од паровите дале точни одговори на второто прашање.

Она што можеме да го извлечеме како поука од ова е дека е многу важно што мисли и другата страна за врската и дека не е лошо да се работи на тоа. Секако, второто прашање можете да го одговорите дури откако искрено си признаете себеси за тоа дали сте среќни во врската.

Претходно «
Следно »