НАУЧНА PEВОЛУЦИЈА: Отпечатено првото функционално 3Д човечко срце!

  • April 16, 2019

Научниците во Тел Авив ја искористија технологијата за 3Д печатење за да направат човечко срце.

Во понеделникот беше објавено дека е отпечатено 3Д срце од ткива од пациент, што претставува огромен напредок во медицината

Професорот Тал Двир, кој го водеше проектот, објасни дека научниците досега ја печателе само структурата на срцето, но дека ова е прв пат да направат вистинско комплетно срце со комори, преткомори и кpвни садови.

Срцето е помало од 3 см, а на него можат да се забележат кpвните садови.

Истражувачкиот тим целата постапка ја објави во научното списание „Унапредена наука“. Во статијата е објаснета целата постапка во детали, од земањето на масно ткиво од пациентот, репрограмирање на клетките и изработка на вонклеточни молекули во хидрогел прилагоден на пациентот. Потоа ги соединиле клетките и хидрогелот за да се создаде таканаречена хидробоја за срцево ткиво, а потоа и за цело срце.

Постапката трае околу три часа, а на клетките им е потребен уште еден месец за да созреат доволно за да можат да пумпаат кpв. За срца со вистинска големина може да се користи истата технологија, но процесот би траел подолго.

Пред да се пристапи кон трансплантација на вакви органи на луѓе истражувањето прво мора да има позитивни резултати кај животни.

Органите отпечатени со 3Д технологија потполно ќе одговараат на анатомијата на пациентот, така што ќе нема потреба од лекови против отфрлање на органите, а ќе се заборави и лисрата на чекање за органи.

За десетина години се очекува постапката да биде рутинска и да се применува глобално.

Претходно «
Следно »