НАУЧНИЦИТЕ БЛИСКУ ДО ОТКРИТИЕ:Во иднина ке може се да јадеме без да се дебелееме!

  • December 25, 2018

Научниците од Австралија веруваат дека се блиску до откритие благодарение на кое во иднина луѓето би можеле да јадат што сакаат без да се дебелеат.

Имено, нивните студии покажале дека глувците одгледувани без генот RCAN1, не се дебелееле иако биле хранети со многу масна и калорична храна.

Со оглед на тоа што и луѓето го имаат овој ген, научниците се надеваат дека истиот иновативен пристап би можел да биде ефикасен и кај луѓето со прекумерна тежина. На глувците им биле давани разни видови храна од која се дебелее, но блокирањето на генот RCAN1 помогнало нездравите бели масти да се претворат во поздрава кафеава маст.

Таблетата што го блокира генот RCAN1 ќе им овозможи на луѓето да согоруваат повеќе калории додека мируваат без да влијае врз апетитот, тврдат авторите на студијата.

Претходно «
Следно »